Ќе ви претставиме две варијанти на тулумби, една посна верзија и една мpcна, а заедничкото за нив е тоа што, овојпат колачите не се пржат во длабоко масло, туку се печат во рерна. Многу се вкусни, крцкави и сочни, се надеваме дека ќе ви се допаднат.

Тулумби / Емилија Бечиќ

РЕЦЕПТ 1. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 прашок за печиво, ½ шолја од 200 мл масло, 2 шолји брашно, 500 г шеќер, 3 шолји вода, ½ лажичка лимонтус.

ПОСТАПКА: Две чаши вода и половина чаша масло ставете на оган да зовријат, па тргнете го тенџерето на страна и додајте брашно измешано со прашок за печиво. Убаво соединете најдобро со миксер со додатоци за тесто. Оставете го тестото да излади.

Шеќерот прелијте го со една чаша вода, додаjте малку лимонтус и околу 7-8 минути варете го додека да добиете густ сируп. Шпpицот за тулумби наполнете го со тестото, па иcтискувајте на плех обложен со хартија за печење (или пржете ги во масло).

Сечете ги со должина по ваша желба и ставете ги да се печат во загреана рерна на 220 степени, додека да добијат златна боја. Врелите тулумби прелијте ги со сирупот и оставете ги да впиваат барем два часа пред дегустација.

РЕЦЕПТ 2. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 мл масло, 400 мл вода, прстофат сол, 300 г брашно, ½ прашок за печиво и 4 јајца. ЗА ШЕРБЕТ: 1 кг шеќер, 1 литар вода, 1/2 лимон (по вкус). ПОСТАПКА: Во едно тенџере на оган ставете ги водата со маслото да зовријат, па додајте сол.

Штом зоврие тргнете потргнете го тенџерото од оган, па додајте го брашното помешано со прашок за печиво. Брзо и интензивно мешајте додека да се соедини во тесто. Оставете го некаде настрана за да се излади целосно, а потоа додавајте едно по едно јајце додека матите со миксер со продолжетоци за тесто, или пак месите рачно.

Откога едното јајце ќе се инкорпорира целосно во тестото, дури потоа го додавате следното јајце. Добиеното тесто оставете го еден час во фрижидер да излади. Потоа смесата ставете ја во шприц, па истиснувајте ги тулумбите на намастен плех со големина по ваша желба.

Ставете ги во претходно загреана рерна да се печат на 180 степени, околу 30 минути, но за тоа време не смее да се отвора рерната. Печените тулумби оставете ги да се оладат, да бидат млаки, па потоа прелијте ги со ладен шербет.

За шербет: ставете ги шеќерот и водата на оган, па откако ќе зоврие сирупот оставете да се готви на тивко уште 15 минути, а пред крај додајте неколку тркалца лимон или малку сок по вкус.