Заборавен ТУРСКИ КОЛАЧ Без шеќер…ПЕЛТЕ…Едноставен и вкусен десерт кој се подготвува за 10 минути, може да биде и посен ако наместо путер користите маргарин.
Пелте е стар, речиси заборавен турски десерт кој не содржи ниту грам шеќер и се подготвува за само 10 минути!
Неговиот богат вкус доаѓа од природен засладувач – џем од јаболка. Ова лесен и здрав десерт е вистинско освежување за секој кој сака традиционални рецепти, но и едноставност во кујната.
Совет: откако ќе го додадете брашното, добро измешајте ја смесата додека да се изедначи, па ставете ја на шпорет – така ќе избегнете грутки.
Најдобро е да се послужи ладен или млак. Овој заборавен рецепт вреди да се проба – едноставен, брз и вкусен! На сите мои пријатели кои ќе го подготват – однапред ви посакувам пријатен апетит! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл)
2,5 чаши ладна вода
1 чаша џем од јаболка (или ½ чаша за поблаг вкус)
½ чаша брашно
За прелив:
50 г путер или маргарин
1 чаша крупно мелени ореви
ПОСТАПКА:
Сите состојки добро изматете ги во тенџере за да нема грутки, па ставете на оган и варете 1-2 минути од моментот на зовривање. мешајте непрекинато додека да згусне. Смесата распоредете ја во тепсија, посипете ја со растопен путер и ореви.
Пелте е традиционален десерт без шеќер, лесен за подготовка и богат со природен сладок вкус. Идеален е за оние кои сакаат лесни и здрави јадења. Пробајте и уживајте во овој старински рецепт!
Постапката во детали можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ: