Фото и рецепт: Сефка Ракич. Мантиите се вкушност еден вид пита со месо. Малите здиплени мини-питички имаат фантастичен вкус, а за да се приготват потребно е малку повеќе труд, но се исплаќа. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

500 мл млака вода
1 лажичка сол
850 г брашно
700 г мелено месо
2 главици кромид
4 полни лажици маст или путер
100 мл масло
1 лажица сув зачин (вегета)
½ лажичка црн пипер

За полевање одозгора:

500 мл кисело млеко
1 главица лук

Постапка:

Во 750 г брашно додајте сол, промешајте малку со рака, па долевајте вода и месете со рака. Потребно е тестото добро да се измеси за да стане еластично (6-8 минути).

Тестото поделете го на 5 дела, а секое топче да има проближно 250 г. Покријте ги со кеса и крпа и оставете ги да отстојат 30-60 минути. Никако помалку од половина час.

За тоа време ситно исечкајте го лукот, додајте го меленото месо, сувиот зачин и црниот пипер, па измесете со рака. Растопете го путерот со маслото, а кога ќе проврие тргнете го од оган. Мора да проврие на силен оган за да се соединат путерот и маслото.

Кога тестото ќе одмори, секое топче развлечете го во кора со пречник од приближно 20 см, па секоја кора премачкајте ја со 2-3 лажици растопен путер и масло. Корите редете ги една врз друга додека ги мачкате. Последната кора не се премачкува.

Одозгора наросете брашно, преку масата ставете чист чаршав, па и него наросете го со брашно. Може да работите и врз работна површина, но тогаш ќе ви биде потребно повеќе брашно, а врз ткаенината помалку се лепи тестото.

Наредените кори одозгора наросени со брашно, започнете да ги развлекувате со оклагија, а потоа и со рацете до рабовите на масата.

Кога ќе ја развлечете тенката кора, исечете ги оние делови кои висат (каде што има задебелување). По целата должина на кората наредете 1/5 од филот и малку испрскајте со растопениот путер и масло.

Свиткајте еден круг околу месото, па исечете, така што ќе добиете тенка и долга ролна. Ова повторете го до крајот на кората додека да го потрошите филот.

Потоа ролните исечете ги на парчиња со должина од 3-4 см, па ќе добиете малечки перничиња. Доколку сакате, малите перничиња можете да ги виткате секое посебно, но ова е полесниот начин.

Намастете плех со пречник 35 см, па редете ги во круг исечените квадратчиња (перничиња). Одозгора премачкјате ги со остатокот од растопениот путер. Ставете да се печат во загреана рерна на 250 степени додека убаво да заруменат.

На крај кога е печено, прелијте одозгора кисело млеко во кое претходно сте додале ситно исечкан лук. Оставете 10-тина минути поклопено со друга тепсија, па потоа послужете.

Radioѕarajevo.bа