Еднаш кога ќе ја пробате – ќе ја правите постојано, зошто секогаш ќе сакате да го почувствувате овој неповторлив вкус. Тотално лесна, освежителна, со перфектен пресек, а сè е готово за 20 минути!

Потребни состојки: 500 г мелена плазма, 150 г цели плазма кекси, 100 г путер, 4 лажици нутела, 400 г кисела павлака, 200 г шлаг, 300 мл млеко, 150 г шеќер во прав, 400 г малини или јагоди или комбинација, уште малку млеко за натопување на кексите и калап 26 см

Постапка: Користете готова мелена плазма или само сомелете ги. Може да користите било какви бисквити по ваш вкус. Растопете го путерот и нутелата, додадете ги во мелената плазма.

Промешајте убаво за да се изедначи, а потоа додадете 400 г кисела павлака. Убаво промешајте со лажица додека да добиете убава мазна смеса.

На страна изматете 200 г шлаг со 300 мл ладно млеко. Ако немате шлаг во прав, може да користите и 500 мл слатка павлака која исто така треба да се измати додека да се добие цврст шлаг.

Пред крајот, во шлагот додадете 150 г шеќер во прав и уште малку кратко изматете. Половината од добиениот шлаг измешајте го со смесата од плазма. Соединете до изедначување. На крај во оваа смеса додадете ги малините или јагодите и полека промешајте за да не се изгмечат.

На дното од калапот наредете плазма кекси малку натопени во млеко. Потоа рамномерно распоредете полововина од филот. Потоа ставете 3-4 лажици од изматениот шлаг во тенок слој, па нанесете го остатокот од филот и израмнете.

Одозгора распоредете го остатокот од шлагот, израмнете и тортата ставете ја во фрижидер убаво да излади и да се стегне. Изладената торта извадете ја од обрачот и декорирајте ја по желба. Деталите можете да ги погледнете во видеото: