Фото и рецепт: Тамара Костадиновиќ

Ова првенствено е лек за зголемени масти во крвта и покачени триглицериди, но исто така помага доколку сакате да ослабете и веќе се обидувате со некој диетален режим.

Овој природен лек не само што ќе ве исчисти од мастите и ќе ви го регенерира црниот дроб, туку и ќе ви зголеми имунитетот и ќе ве заштити од разни вирусни инфекции.

Потребни состојки:

1 литар вода
1 кг измиен лимон со кора
30 поголеми чешниња лук (да не е кинески)

Постапка:

Лимонот ставете го вода во која сте истуриле една кесичка сода бикарбона. Оставете го така да отстои неколку часа, па потоа добро измијте го под млаз ладна вода. Потоа лимонот исечете го на помали парчиња и сомелете го во машина или во блендер.

Ставете ја водата на оган да зоврие, а потоа додадете го ситно исечканиот лимон заедно со кората и лукот исто така исечкан и изблендиран.

По половина минута вриење исклучете го огнот и оставете го на топлата рингла уште 5 минути. Потоа тргнете го од оган, поклопете и оставете да излади, со повремено промешување со дрвена лажица.

Кога целосно ќе биде изладено, процедете, а смесата во цедалката добро истискајте ја за да излезе целиот сок од смесата.

Напитокот складирајте го во стаклени шишиња и чувајте во фрижидер. Консумирајте наутро и навечер по една ракиена чаша.

Јас секоја година правам пред зима, по една доза за мене и за мојата фамилика, секому по едно шише. Малку да се прочистиме од холестеролот и да зајакнеме пред сезонските настинки. Напитокот е доста ефикасен, може да се испијат и две дози, нема штетно дејство.

Може да се прави и без варење од 1 кг лимон, 1 кг лук и 1 кг мед.

Фото и рецепт: Тамара Костадиновиќ