Природен лек за коски и зглобови. Доколку ве мачат болки во ‘рбетот и зглобовите, задолжително пробајте го овој домашен мелем.

За да го направите потребни ви се само две состојки. Доволно е да го нанесувате на болни зглобови, секоја вечер пред спиење. Утрото ќе се чувствувате олеснето и ќе ви биде многу подобро.

Овој домашен мелем може да ги одржува вашите зглобови во добра состојба. Многу добро функционира и за проширени вени на нозете. Еве ги состојките потребни за овој рецепт:

РЕЦЕПТ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 50 г лук и 100 мл маслиново масло.

За почеток ќе ни треба една главица лук, со средна големина, приближно 50 грама.

Здравствени придобивки од лукот: хранливи материи од чешниња лук, како што се витамин Б6, витамин Ц, манган и цинк, значително го подобруваат здравјето на зглобовите и коските.

Затоа е повеќе од корисно да го вклучите лукот во вашата секојдневна исхрана.

Слободно консумирајте барем едно чешне дневно и ќе обезбедите добро здравје за вашите коски и зглобови. Во лукот се наоѓа многу моќна, активна супстанција .

Тоа е алицин. Има антиинфламаторно и силно антибактериско дејство. Ќе ве заштити од сите можни воспаленија во организмот и ќе ги ублажи постоечките тегоби.

Ќе ја подобри циркулацијата на крвта во болните зглобови. Ќе ја врати подобрата функција на зглобовите. Притоа, придонесува за зајакнување на имунитетот. Ќе ве заштити од вируси, бактерии и други микроорганизми.

Алицинот ја активира природната одбрана на телото и се покажа дека го зајакнува имунитетот. Излупениот и исчистен лук притиснете го низ преса или исечкјате го најситно што можете. Ова е најдобриот начин да го ослободите потребниот лековит сок.

Ова масло од лук е вистински природен лек за зглобовите и коските. Успешно ги лекува вените и капиларите. Ќе ја смири болката и непријатноста во нозете, кои ги чувствувате поради проширените вени.

Втората состојка во нашиот рецепт е маслиновото масло, а ќе ви биде потребно приближно 100 мл или сооднос 1:2. Секогаш избирајте најквалитетно нерафинирано, ладно цедено маслиново масло, иако можете да користите и сончогледово масло.

Сипете го сечканиот лук во мала стаклена тегла и залијте го со маслиново масло. Кога ќе се измешаат лукот и маслиновото масло, нивниот ефект се удвојува.

Се добива вистински природен лек за болки во зглобовите. А особено се ефикасни за природен третман на артритис, ревматизам, гихт, остеопороза, дископатија и дискус хернија.

Затворете ја добро теглата со чист и сув капак, па добро протресете ја содржината. Овој природен препарат треба да отстои 14 дена. Затоа, ставете ја теглата на ладно и темно место.

Многу е важно да ја протресувате неколку пати на ден. По изминатиот период ќе забележите дека вашиот домашен мелем ја променил бојата.

Потребно е толку време за лукот да ги ослободи сите негови лековити состојки во маслиново масло. Процедете ја содржината низ густа газа или цедалка. Складирајте во соодветен сад и чувајте на ладно и темно место.

УПОТРЕБА: Мачкјате ги болните места пред спиење. После темелното мачкање завиткајте го местото со кеса или проѕирна фолја, а преку неа крпа или шал и така преноќите.

Со овој мевлем можете да мачкате колена, рамења, рачен зглоб, лумбален дел од ‘рбет, па дури и места на кои имате проширени вени. Напомена: кога ги мачкате вените, немојте да притискате.

Наутро отстранете ја облогата и измијте го местото со вода и сапун и нема да има никаков непријатен мирис од лукот.

За уште поуспешни резултати, истовремено консумирајте го и следниот природен лек, секој ден по 2 супени лажици. Рецептот прочитајте го ОВДЕ и ОВДЕ. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.