Зимата е зад нас, а сите оние кои досега не успеаја да се ослободат од вишокот килограми, можат да се обидат со овој едноставен, но многу ефикасен напиток кој одлично се покажал за топење на масните наслаги и намалување на вишокот килограми.

Благодарение на состојките овој чај совршено го согорува масните наслаги особено оние на стомакот, бутовите и задни-кот. Воедно, тој ги забрзува метаболитичките процеси во организмот, ја подобрува дигестијата и доколку редовно се консумира, веќе за седум дена може да се забележат одлични резултати.

Потребни состојки: зелен чај, цимет и ловоров лист.

Постапка: Сварете 800 мл вода, а потоа тргнете го тенџерето на страна и додајте стапче цимет, 4 ловорови листови и една лажица зелен чај во прав. Зелениот чај е најдобро да го купите од аптека или продавница за здрава храна, од проверен производител.

Смесата оставете ја да отстои поклопено 15 минути, па процедете го чајот и напитокот е готов. целата количина е потребно да се испие во еден ден. Најдобро е да се пие трипати: првата шолја наутро на празен стомак, втората шолја веднаш после појадокот и третата шолја пред легнување.

Напомена: за поинетензивен вкус можете неколку минути да ги сварите циметот и ловоровите листови, но зелениот чај секогаш се става на пониска температура од 80 степени за да не ги изгуби своите лековити антиоксидативни својства кои во овој случај се многу важни.

Можете да го прочитате и искуството на Мартин Најдовски, како тој успеал за релативно кратко време да се ослободи од вишкот килограми и да ја доведе својата линија до совршенство. Неговиот рецепт е добро избалансирана исхрана, физичка активност (печашење, планинарење и слично) и чај од ловоров лист. Во продолжение прочитајте го неговиот рецепт.

Мартин Најдовски од Велес: Со овој чај за само 2 месеци ослабев 20 кг (РЕЦЕПТ) / Рецепт на Мартин Најдовски од Велес.

Мартин е познавач на билките и веќе повеќе години се занимава со проучување на природната медицина. За читателите на НМД, тој го открива рецептот за подготовка на чај кој лично го испробал врз себе и со чија помош ослабел 20 килограми.

Тој напоменува дека чајот не делува како со волшебно стапче, меѓутоа доколку се внимава на исхраната и се зголеми физичката активност, значително го забрзува метаболизмот и овозможува топење на масните наслаги.

Мартин има и своја Фејсбук страница “Лилма”, на која луѓето секојдневно му се обраќаат и го прашуваат во врска со билките.

“Многу луѓе ми се јавуваат и ме прашуваат за лекови и билки кои можат да помогнат за слабеење..

Јас лично пред 4 години направив еден многу добар рецепт кој ми помогна многу, а и на доста луѓе кои го употребиле. За само 2 месеца јас ослабев 20 килограми. Но, и покрај чајот треба да се внимава на исхраната и да се практикува секојдневна физичка активност”, вели Најдовски.

Лек за Слабеење – Потребни состојки: 500 мл вода, 1 супена лажица магдонос свеж, 1 супена лажица зелен чај, 6 ловорови листови, 1 стапче цимет, 1 прстофат ѓумбир во прав и 1 лимон

Постапка: Се подготвува чај. Во сад се вари 500 мл вода и откако ке зоврие се става: 1 супена лажица магдонос свеж (не смее да се додава ако лицето има низок притисок). Се додава 1 супена лажица зелен чај, 6 ловорови листови.

Се додава и 1 стапче цимет, доколку вишокот килограми се резултат на комзумирање на слатки и благо, во тој случај, циметот ги регулира шеќерите и притисокот (ова е по потреба, доколку сакате).

Сите овие билки се ставаат во водата и стојат 20-тина минути, поклопено. Потоа, во оваа смеса се додава на врвот на лажиче ѓумбир во прав и кога сосем ќе се излади може да се додаде и сок од 1 лимон.

Се процедува и се пие по една шолја наутро и навечер. После 7 дена секојдневна консумација се прави пауза од 2-3 дена, па се повторува со истиот редослед (7 дена консумација и 2-3 дена пауза).

Напиток за слабеење со кој побрзо се топат мастите, се пие трипати дневно, на растворање

Овој напиток кој ќе помогне малку побрзо да се ослободиме од вишокот килограми, а се пие секој ден, 20 минути пред главните оброци. Се приготвува лесно, а многу е ефикасен. Па, доколку имате вишок килограми, а сакате побрзо да се ослободите од нив, пробајте го овој напиток.

Потребни состојки: 1 литар зовриена вода, 1 лажица цимет во прав, 2 лажици куркума во прав, 3 лажици зелен чај во прав, 5 лажици мелено ленено семе, 1,5 лажица рендан ѓумбир, исцеден сок од 4 лимони и 1 грејпфрут.

Постапка: Во едно тенџере ставете еден литар вода, па загревајте го на рингла додека да зоврие. Најдобро би било да користите некоја изворска, минерална или дестилирана вода. Кога ќе зоврие водата тргнете го тенџерето на страна неколку минути.

Потоа во врелата вода додајте ги следните состојки: 1 лажица цимет во прав, 2 лажици куркума во прав, 3 лажици зелен чај во прав, 5 лажици мелено ленено семе и 1,5 лажица рендан ѓумбир. Промешајте добро за да се соединат сите состојки, поклопете и оставете да отстои 6 часа.

После шест часа, на соковник или рачно исцедете сок од четири лимони и еден поголем грејпфрут. Добиениот сок додајте го во изладената смеса, промешајте, а потоа целата течност процедете ја низ сито, цедалка или газа.

Лековитата течност складирајте ја во стаклено шише или тегла со капак кој добро дихтува и чувајте го во фрижидер. Се консумира на следниот начин: Во чаша со 200 мл вода се додаваат четири супени лажици од оваа течност. Се меша и се пие 20 минути пред оброк.

Пред секоја употреба добро протресете ја теглата или шишето за да се изедначат состојките рамномерно. Резултатите се одлични, пробајте, здраво и корисно. Не смеат да го консумираат луѓе што имаат проблем со жолчното кесе, бидејќи содржи куркума која ја активира неговата функција.