Колачот е толку многу вкусен, што откако еднаш ќе го приготвите постојано ќе ви го бараат да им го правите. Не содржи јајца и млеко, па одличен е за оние кои ги одбегнуваат поради алергија или се на пост. Рецепт и видео презентација на Домашни рецепти.

посен колач со мелени лешници
посен колач со мелени лешници или ореви

Потребни состојки за кора: 400 мл вода, 13 лажици шеќер, 13 лажици брашно, 5 лажици мелен или блендиран лешник, 2 полни лажици какао, 3 лажици џем по ваш избор, 100 г посни мелени бисквити, 4 лажички масло и 1 лажица сода бикарбона

лешниците (или оревите) претходно истостирајте ги, оставете ги да се оладат, па сомелете ги или изблендирајте ги

За фил: 125 г омекнат посен маргарин, 100 г шеќер во прав, 200 г посни мелени бисквити, 100 г какао крем табла (или друго посно чоколадо), 100 гр печени блендирани или мелени лешници и 200 мл сок од портокал. За глазура: 100 г какао крем табла (или друго посно чоколадо), 2 лажици масло

Потребни состојки
во топлата вода додајте го шеќерот за да се растопи
потоа додајте ги сите останати состојки и промешајте за да се соедини

Постапка: веднаш вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени бидејќи колачот навистина брзо се приготвува. Во топла вода додајте шеќер и помешајте малку додека шеќерот започне да се растопува. Додајте џем, кекс, какао, масло и мелен лешник, па сето добро промешајте го.

на крај додајте го брашното со сода бикарбоната
промешајте да нема грутчиња

На крај додајте го брашното и сода бикарбоната, па со жица добро изматете да нема грутчиња. Земете еден плех со димензии од 30х20 см до 33х23 см па добро намастете го со масло и наросете го со брашно. Брашното растресете го насекаде по плехот, а вишокот истресете го.

плех со димензии од 30х20 см до 33х23 см намастете го и набрашнете го
излејте ја смесата и израмнете, па ставете да се пече

Приготвеното тесто за колачот истресете го рамномерно во плехот (кој можете и поедноставно да го обложите со хартија за печење), израмнете и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени приближно 20 минути или во зависност од вашата рерна.

омекнатиот путер пенасто изматете го со шеќерот вои прав

Печената кора извадете ја од рерната и оставете да се олади. Јас ја превртев на хартија за печење, п врз даска за сечење месо, а со друга даска малку ја притиснав за да се израмни.

додајте ги мелените кекси и матете додека да добиете структура на влажен песок

За фил: пенасто изматете го маргаринот кој претходно сте го оставиле да омекне на собна температура. Додајте му го и шеќерот во прав, па заедно изматете ги. Додајте мелени кекси и повторно изматете. Потоа додајте го мелениот лешник, чоколадото и сокот.

додајте ги сите преостанати состојки
добро изматете за да се изедначи смесата

Изматете ги соте состојки заедно. Матете околу една минута додека да се добие кремаста страктура и мазна да може да се мачка. Врз печената и изладена кора нанесете го целиот фил, па убаво распоредете го и израмнете.

Врз печената и изладена кора нанесете го целиот фил, па убаво распоредете го и израмнете
израмнете ја површината…
и страните…
за глазура: во чоколадото додајте малку масло и загрејте го
прелијте ја чоколадната глазура
оставете го колачот да се олади и стегне

За глазура: чоколадото растопете го на пареа со две лажици масло, оставете некоја минута да се олади, па прелијте го рамномерно колачот. Оставете да се олади и да се стегне, па потоа послужете го и сладете се во неговиот вкус. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

…па уживајте во неговиот вкус