Ова мени ќе направи чудо, никогаш нема да бидете гладни, но тоа што ќе се случи со вашето тело е фантастично.

Во текот на овој режим вашето тело ќе се ослободи од токсини. Таквата исхрана ќе ви помогне во превенција и лекување на хронични болести, бидејќи без разлика на тоа што сте на диета, на овој начин ќе го зајакнете организмот.

Она што е најважно, за време на оваа диета, ниеден момент нема да почувствувате глад, бидејќи чувството на ситост ќе го одржуваат влакната кои се содржат во интегралниит ориз, овошјето и зеленчукот.

ПРВА ФАЗА – 7 дена

Прв ден: одновните оброци се приготвени од ориз: варен ориз во доволна порција и два плода овошје, за појадок, ручек и вечера.

Следните шест дена: ориз на лактовегетаријански начин, што подразбира:

Појадок – половина чинија варен ориз, еден плод овошје и мало парче обезмастен млечен производ.

Ручек и вечера: варен ориз, варен зеленчук и овошен плод.

Доколку сакате уште да слабеете, продолжувате во втора и трета фаза.

ВТОРА ФАЗА

Прв ден: основните оброци се само варен ориз. На ист начин продолжувате да се исхранувате вториот, третиот и четвртиот ден.

Петтиот и шесттиот ден оброците се варен ориз на лактовегетаријански начин. Седмиот ден за појадок јадете порција варен ориз и овошјен плод. За ручек јадете ориз, зеленчук и овошен плод. За вечера: ориз, немасен млечен производ, зеленчук и овошен плод.

ТРЕТА ФАЗА

Исхраната е иста како и за втората фаза, само што се додава околу 200 калории седмично, сè додека престанете да слабеете.

Диетата со ориз е еден начин на исхрана кој првенствено е наменет за лица со висок крвен притисок, бубрежни болести и дијабетичари.

Оваа диета ја креирал д-р Валтер Кепнер уште далечната 1939 година. Нејзината популарност не е намалена ниту после 80 години. Диетата на почетокот била наменета за лица со висок крвен притисок, бубрежни болни и дијабетичари.

Како минувало времето, оризот си го нашол своето место и меѓу популарните диети за слабеење. Оваа здрава намирница е сè побарана од оние кои сакаат да ослабат.

Денес постојат многу варијации на оваа диета – диета од три, седум и четиринаесет дена, кои можете да ги прочитате подолу. Актуелна е и нешто подолга варијанта која се држи 40 дена.

Една наша читателка на фан страницата НМД.мк сподели лично искуство, односно како со помош на оваа детоксикациска диета и комбинација од друга рестриктивна диета успеала да ослабе 40 килограми. Според нејзиното искуство, кога еднаш ќе ја поминете диетата со ориз и ќе се прочистите, потоа многу полесно се слабее. Еве го коментарот на Ана Николова:

“Ова е метод кој е препорачлив за детоксикација на организмот. Може да се практикува по два дена, а на секои четири дена следат два дена интегрален ориз. Јас го оставав навечер потопен со двојно од водата значи половина литар вода а 1 шолја (250 мл) ориз. Така отстојано наутро го варам, и да, навистина делува, само што се симнуваат по два кг неделно.

Го комбинирав со природни чаеви, бидејќи сум личност што не обожава вода… По два месеци бидејќи бев прочистена, продолжив со друга (рестрикциска) диета и вкупен резултат минус 40 кг.

Имајте го на ум рецептов сите што сакате долгорочен резултат или да го спремите телото за диета. Да, се слабее ама си бара дисциплина како и сè останатo” – напиша Ана.

Тридневна диета со ориз за чистење на организмот: ќе ослабете од 5 до 8 килограми во зависност од вашиот метаболизам.

Тридневната ориз-диета е одличен избор кога е потребно за многу краток период да ослабете неколку вишок килограми и да го детоксифицирате телото. Оваа ориз-диета исто така се нарекува „Пост на ориз“.

Интегралниот (кафеав) ориз е древна пракса и датира со илјадници години наназад. Иако е лесен облик на пост, тој има свои единствени предности и погодности. Оризот не предизвикува екстремни симптоми како некои други режими со гладувања.

Оризот делува многу смирувачки и нежно ги елиминира токсините од крвта што овозможува да го одбегнете непријатното чувство кое честопати е присутно во текот на сите пости.

Стандардниот пост со ориз трае 3 дена. Ако се чувствувате дека тоа е премногу за вас, обидете се со само еден ден, па после една седмица повторете и постепено зголемувајте го траењето.

ПЛАНОТ е едноставен.

Во текот на три дена јадете само интегрален ориз. За тоа ви е потребно една шолја (250 мл) кафеав ориз, по можност без масло и треба да биде добро сварен. Обидете се овој ориз да го поделите во 4-5 оброци во текот на денот.

Може да додадете многу малку сол, еден прстофат, или пак, црвен пипер. Исто така, може да додадете многу малку кокосово масло или путер. Овие масти треба да помогнат во елиминација на токсините кои се растворливи во масти, а се користат и за обнова и регенерација на ткивата.

Само бидете внимателни и мастите користете ги умерено, да не го преоптеретите својот ориз со нив. И како и обично: не заборавајте во текот на ориз-диетата секојдневно да испиете најмалку 8 часа вода.

После три дена полека вратете се на својата редовна исхрана. Постепено воведувајте нови намирници, што му овозможува на телото да се прилагоди. Нормално е дека ќе ви бидат потребни до два дена за целосно да се вратите на нормална исхрана.

Јадете и натаму интегрален ориз, а додадете и некое јаболко и парче интегрален леб. Вториот ден додадете уште намирници.

Тридневната ориз-диета не само што брзо ќе го исчисти вашето тело и ќе го подобри варењето, туку и ќе помогне да ослабете и до 8 килограми.