Похувана „фета шунка“, тенки големи листови шунка полнети со кашкавал. Може да го послужите и како предјадење или закуска, а вашите гости ќе бидат воодушевени. Овие состојки совршено си одговараат заедно, а полн ефект се добива кога двојно ќе ги испохувате – „Брзи гонзалес“.




Потребни состојки: парен број парчиња од „фета шунка“ / сув врат или нешто по ваш вкус и двојно помала количина кашкавал (трапист). Потоа, за похување ќе ви бидат потребни две јајца, малку брашно и лебни трошки.




Постапка: во еден сад ставете ги лебните трошки и додајте малку брашно (презла треба да има многу повеќе отколку брашно). Во друг сад ставете ги јајцата и изматете ги со виљушка. Потоа, секое парче тенка и голема лента шунка натопете го убаво во јајцата.




Помеѓу две парчиња ставете лента шунка и лента кашкавал (може и две парчиња да ги свиткате како ролна). Извалкајте го „сендвичот“ во мешавината иод лебни трошки и брашно, па повторно во изматените јајца и на крај завршете во презлата (мешавината од лебни трошки и брашно).




Ова е двојно похување. Загрејте малку масло во нелеплива тава, па кратко испечете ги „сендвичите“ колку презлата да добие убава румена боичка. Послужете топло со некој сос, намаз од рен, француска салата, таратур, ѕаѕики или слично. / Брзи Гонзалес / Сооlinarika.com. Прочитајте го и следниот рецепт, како да испохувате палента со шунка и кашкавал:




Појадок за 15 минути: Похувана палента со шунка и кашкавал

Сè е готово за само 15 минути, а вашите најмили ќе бидат воодушени од јадењето. Пригответе нешто поинаква варијанта на добро познатиот појадок, ќе бидете воодушевени од вкусот. Сите потребни состојки сигурно веќе ги имате во вашата кујна.




Потребни состојки: 150 г палента, 400 мл вода, половина лажичка сол, 100 г шунка, 100 г кашкавал. За похување: 3 јајца, 10 лажици брашно, 100 мл масло. За сос: 1 чаша густ јогурт или кисела павлака, 1 лажичка сенф и малку сечкан свеж лист од магдонос.




Постапка: Во едно тенџере ставете ја водата, малку масло и сол, па вклучете ја ринглата и оставете да зоврие. Пред самото зовривање кога ќе се појават првите меурчиња, истурете ја внатре палентата и мешајте постојано додека да набубри и згусне.




Веднаш намалете го огнот и внимавајте да не ве испрска. За приближно две минути палентата е готова, сварена. Би требало да добиете нешто погуста смеса од вообичаено, а ова е потребно за да можете полесно да ги формирате плескавиците.




Топлата палента излејте ја врз чинија или некој сад претходно обложен со хартија за печење. Развлечете ја смесата во тенка кора со помош на лажица или шпатула, па оставете ја така да се лади. Треба да биде доволно изладена за да можете да ја земате со раце.




Зафаќајте од смесата со раце, во средината ставете парче шунка и кашкавал, па затворете го парчето, обликувајте во форма на плескавица, но внимавајте да биде добро затворена за да не може да истекува кашкавалот при пржењето или печењето (по ваш избор).

Претходно пригответе ги шунката и кашкавалот, исечкајте ги на мали коцкички или изрендајте ги, како ви е полесно, па во секоја плескавица ставајте од филот во средина. Приготвените плескавици редете ги на рамна површина обложена со хартија или фолија.

Во посебна чинија изматете две јајца и посолете ги малку. Подгответе и десет лажици брашно за валкање. Секоја плескавица најпрво натопувајте ја во јајцата, а потоа валкајте ја во брашното, па спуштајте ја во тава со умерено загреано масло за пржење.

Вака приготвените плескавици од палента пржете ги рамномерно од двете страни додека да добијат златножолта боја. Кога се убаво пржени вадете ги во чинија обложена со хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија.

Во помал сад пригответе го сосот: ставете грчки јогурт или некој сличен густ јогурт/ кисела павлака, додајте сенф и ситно сечкан магдонос. Плескавиците од палента послужете ги со овој сос и сите ќе бидат воодушевени од вкусот. / Stvarukusa.rs