За најубавите кекси колчи ви се потребни само 15 минути, ќе ги правите секој ден – Прсти да излижеш! Ова е од оние „рецепт за 5 минути“, бидејќи навистина многу брзо се замесуваат и се приготвуваат, а исто така, кратко и се печат. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250 г брашно
1 кесичка ванилин шеќер
1 прстофат сол
7 г прашок за печиво
1 лажица шеќер во прав
120 г путер
100 г цврст јогурт/кисела павлака
џем за фил
2 лажици кокосово брашно

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад измешајте ги сите суви состојки, а потоа со рака замесете го путерот, претходно исечен на коцки и омекнат на собна температура. Треба да добиете сува мешавина како трошки.

Додајте го густиот јогурт и промешајте, а потоа замесете и со рака додека да добиете фино и мазно тесто кое лесно со обликува со прсти.

Развлечете го врз кеса или пластична фолија во тенка правоаголна кора и исечете долги ленти со широчина од приближно 5 см.

За фил измешајте џем со кокос (по потреба додајте повеќе или помалку во зависност од густината на џемот).

Филот распоредете го преку средината на секоја од лентите, а потоа со прстите затворете ги.

Добиените ролатчиња исечете ги на помали колачи со должина од приближно 8-10 см или по ваша желба. Наредете ги во плех обложен со хартија и ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, 15 минути.

Додека се малку топли валајте ги во ситна шеќер или во прав. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.