Се приготвува во повеќе варијанти. Може да ставите и повеќе желатин, а односот на мајонез и кисела павлака може да го менувате. Излегува свечен солен ролат кој освен што е вкусен, многу е декоративен.

Потребни состојки: 200 г смрзнат грашок, 200 г морков, 350 г компир, 1 јаболко кисело + лимонов сок, 6 лажици мајонез, 3 лажици кисела павлака, 250 мл супа од зеленчук, 1 кесичка желатин (7 г), 6 јајца, 1 црвена пиперка, 1 китка магдонос за декорација, сол, црн пипер

Постапка: Јајцата сварете ги 10 минути на потврдо, па ставете ги во ладна вода и оставете ги да се изладат, па потоа излупете ги. Морковите исечени на коцки, грашокот и компирот варете ги одвоено во вода во која сте додале малку сол, додека да омекнат.

Извадете ги со решеткаста лажица и оставете ги да изладат целосно. Јаболкото излупете го, исечете го на коцки и прелијте го со сок од лимон за да не потемнува.

Изладениот зеленчук и јаболкото ставете ги во голем длабок сад. Мајонезот измешајте го со киселата павлака, додадете сол и црн пипер по вкус и прелијте преку зеленчукот, па добро промешајте.

Водата во која се вареше зеленчукот искористете ја за приготвување на желатинот кој ќе го приготвите според упатството. Потоа растопете го на пареа или на тивко, па помешајте го со смесата од зеленчук.

Оставете да излади, па развлечете ја смесата во правоаголник (калап 28х13 см, длабок 6 см) врз фолија. Во средината наредете варени јајца, па свиткајте во ролат. Оставете во фрижидер преку ноќ убаво да излади и да се стегне.

Coolinarika.com