За две седмици излечете ги испуканите капилари на овој едноставен начин

Имате проблем со испукани капилари и не знаете како да се ослободите од нив? Приморани сте секојдневно да ги покривате со густи пудри кои ви ги затвораат порите и дополнително ви создаваат проблеми. Современата медицина ваквите проблеми ги третира со ласерска терапија, која делумно или не го решава проблемот, а притоа самиот процес чини многу скапо.

Испуканите капилари ги мачат многу луѓе, особено ако се видливи и тоа на лицето. Постои еден природен лек од народната медицина кој индивидуално се покажал како ефикасен. Во поголемиот број случаи ја намалува видливоста на испуканите капилари, а неретко и ги излекува. Пробајте!

РЕЦЕПТ:

Измешајте еднакви делови од следните билки:

-корен од глуварче

-корен од чичок

-смрекинки (бобинки од смрека)

Сите билки добро треба да се смелат во прав.

Постапка:

Една супена лажица прелијте со 500 мл вода, па оставете на собна температура да преноќи.

Наутро загрејте до зовривање, а откако ќе зоврие варете ја мешавината уште пет минути.

Процедете го чајот, и целиот испијте го во текот на денот, на празен стомак.

Терапијата трае од 14 дена. Потоа направете пауза од една седмица, па повторете ја постапката.

Овој природен лек ги зајакнува и најситните крвни садови и ги ублажува последиците од испукани капилари. При тоа се препорачува консумација на дополнителни количества од витамините Ц и Е, во вид на додатоци или преку исхраната.

Претходна статијаЈодот го регулира високиот крвен притисок за 10 дена на ОВОЈ начин
Следна статијаЗа интензивни бои на избелените алиштата, додадете една состојка која сите ја имате во кујна