Home посни колачи За да ослабам пред да одам на летување, секогаш го правам овој...

За да ослабам пред да одам на летување, секогаш го правам овој моќен, посен десерт (5 мин) кој не содржи бел шеќер…

Енергетски десерт без шеќер за појадок

Овој брз и едноставен рецепт за енергетски десерт е совршен избор за здрав почеток на денот.

Без додаден бел шеќер, со комбинација од суво овошје, јаткасти плодови и семки, овој десерт е хранлив, вкусен и се подготвува за само пет минути без употреба на рерна.

Уживајте во природната слаткост и енергијата што ја нуди, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

– 3 лажици сончогледови семки
– 3 лажици семки од тиква
– 150 г суви кајсии
– 150 г урми
– 100 г ореви
– кора од 1 портокал
– прстофат мелен цимет (по желба)
– 3 лажици сусам
– НМД

Постапка:

1. Во тава на средна температура пропржете ги сончогледовите и тиквините семки додека да добијат златнокафеава боја. Оставете ги да се изладат.

2. Сувите кајсии и урмите исплакнете ги со топла вода, исушете ги со кујнска крпа, Додајте ја ренданата кора од портокал и, по желба, прстофат цимет. Изблендирајте.

3. Оревите ситно исечкајте ги или изблендирајте ги во блендер до саканата текстура.
4. Во сад измешајте ги оревите со пастата од суво овошје и семките.

5. Во тавата лесно пропржете го сусамот на средна температура, внимавајќи да не загори. Оставете да се олади и посипете го врз парче најлонска фолија.

6. Обликувајте ја смесата во салама, врз сусамот, добро фиксирајте со фолијата, па ставете ја во фрижидер на 2 часа за да се стегне.

7. Послужете го десертот ладен и уживајте во неговиот природен вкус!

Овој десерт е идеален за брз појадок или ужина, а неговата едноставност и хранливост ќе ве воодушеват. Добар апетит! Постапката можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ:

https://youtu.be/SLHlLZqNv6E?si=BfbXP_fFX4RzOZnu