Здраво на сите. Сакам со вас да споделам и тестирам еден метод за чистење на бигорот од чешмата кој неизбежно, со текот на времето се таложи. Чешмата делува валкано поради него, а на ова место најмногу се собираат бактериите.




Овој метод го видов на интернет и решив да го испробам. Целата постапка е многу брза и едноставна. Иако можеби не очекував вакви резултати, јас се воодушевив на крајот од постапката. Пробајте и вие – Јелена.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 мл бел (ал-кохолен) оцет 9%, кујнска силиконска четка, кујнска хартиена салветка




ПОСТАПКА: Во еден сад ставете околун100 мл бел оцет за јадење девет постотен, па со помош на кујнска силиконска четка или со памук премачкајте ја целата чешма. Особено задржете се на оние делови со најмногу талози од бигор.




Потоа земете доволно големи парчиња кујнска, хартиена салветка и добро натопете ги во оцетот. Поставете ги кај „зглобовите“ на чешмата, односно на местата на кои имаа најмногу бигор.




Добро натопете ги и добро прилепете ги за чешмата. Вака обложена чешмата оставете ја да отстои еден час.




Остатокот од оцетот можете одеднаш да го истурите врз целата чешма или да го додавате постепено во текот на едниот час додека делува „облогата“.




После еден час отстранете ги хартиените салветки и пpoтријте со меката страна од сунгерот. Не е потребно енергично да се риба, туку доволно е нежно да се пpoтрие.




Уште отсега може да се забележи голема разлика од отпочнувањето на процедурата. Измијте ја чешмата со топла вода и исплакнете ги остатоците од оцетот.




Ќе забележите дека чешмата повторно сјае како да е нова, без дамки и без бигор. Пребришете ја со сува крпа и постапката е завршена. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.