Здраво, јас сум Лидија и сакам да ви откријам еден мој рецепт од природната козметика кој одлично ја хидрира кожата и ги регулира сите нејзини несовршености како што се на пример, брчките. Во моите рецепти користам исклучиво природни намирници.




Природната козметика е деликатна и како таква мора да се чува во фрижидер, бидејќи не содржи конзерванси и лесно се расипува. Но, затоа пак, делува одлично, а преку кожата се апсорбираат само корисни состојки.




Овојпат ќе ви откријам како се произведува масло од алое вера. Ова масло можете да го користите не само за лицето и брчките, туку и за милион други работи. Маслото е алое вера е толку многу лековито, што можете да го користите речиси за сè и да го комбинирате со други препарати.




РЕЦЕПТ: Земете еден лист од алое вера кактус и ставете го во чаша со малку вода за да се исцедат од него штетните материи (аџибар и алоин). Листот во чашата со вода оставете го да отстои 24 часа. (*во некои рецепти едноставно се отстранува последниот белузлав дел во кој се содржат овие материи)




После 24 часа ќе забележите дека водата во чашата ќе биде кафеаво обоена. Ова се случува затоа што од листот се исцедуваат сите непогодни состојки за организмот. Откако ќе заврши овој процес, можете ја искористите „пулпата“, односно гелот од алоето.




Отстранете ги првите 2-3 см од листот (од пресечената страната) како и остриот врв кој не може да се искористи. Потоа листот пресечете го на неколку парчиња, па отстранете ги боцкавите краеви и на крај зелената лушпа.




Во посебен сад извадете го само транспарентниот гел/пулпа од листот. Добиената пулпа ситно исечкајте ја врз чиста даска за сечење, на парчиња од 1 см. Внимавајте, затоа што гелот е доста лизгав.




Масло од алое вера не може да се добие чист, бидејќи самото растение не содржи масла. Затоа, за да се искористат неговите лековити својства, треба да се измеша со некое масло, а најдобро за тоа е да се користи маслиново, јојоба или бадемово масло.




Комбинирањето со различни масла се добиваат различни својства на препаратот, бидејќи секое од маслата си има свои, специфични својства. Во овој рецепт ќе користиме ладно цедено маслиново масло.




Поставете сад врз пареа, па во него ставете го маслото. За 50 г алое гел/пулпа потребно е околу 200 мл масло. Во маслото додајте ја пулпата/гелот од алое и промешајте. Од моментот на загревање, намалете ја температурата на минимум и гответе уште половина час со промешување. Не смее да зоврие во ниту еден момент.




Потоа маслото оставете го да се олади во текот на 12 часа. Процедете го и складирајте го во соодветен сад. Чувајте го на темно и ладно место. Ова масло се користи за акни, црвенило на кожа, дерматитис, ревматизам, артритис, остеоартритис, езгема, псоријаза, брчки други проблеми со кожата. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ.