За 1 минута ќе ги нема од масата…Од само 4 состојки…Многу вкусни мали лепчиња…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За активација на квасецот:
200 мл топла вода
7 г сув квасец
20 г шеќер
100 г брашно

За тесто:
-активираниот квасец
1 белка
30 мл масло
220 г брашно + за домесување
6 г сол

За бели шари:
40 г брашно
50 мл вода
За премачкување:
1 жолчка+1 лажица млеко

ПОСТАПКА:

1.Сите состојки за активација на квасецот измешајте ги и оставете на топло 15 минути.

2.Замесете меко тесто од наведените состојки, па истресете го на набрашнета површина и домесете го. Оставете тестото да прими брашно колку што му е потребно. Оставете го покриено да ферментира 45 минути.

3.Нежно премесете го и поделете го на 8 дела. Обликувајте топчиња, наредете ги на набрашнета површина и оставете ги покриени да одморат 10 минути.

4.Земете едно топче и развлечете го во тенка правоаглеста кора со дебелина 0.5 см, па свиткајте ја во ролат. Спојте ги краевите и уште малку развлечете го.

5.1.5 см од едниот крај сплескајте го. Другиот крај спојте го со него за да добиете прстен. Наредете го хартиени корпички за мафини, покријте ги и оставете ги 10 минути.

6.Смесата од брашно и вода сипете ја во готварка кеса, а жолчката изматете ја со малку млеко. Прво премачкјате ги со жолчка, а потоа направете шари.

7.Оставете ги да одморат уште 10 минути додека се загрева рерната на 180 степени. Печете ги 20 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/5xeK3LFSDVc?si=uYYW6qvZHTfb2n8R