Она што го сакам кај овие питулици е тоа што можат да се замрзнат. Кога имате послободно време направете поголема количина и замрзнете ги, па кога ќе ви затребаат само извадете си и испечете ги, ќе бидат подеднакво вкусни, меки и воздушести како дента да сте ги правеле.

Вкусот е неодолив, не можам да го опишам, а самите питулици се мекички и шупливки. Ваквите рецепти се и тоа како добредојдени, бидејќи некогаш сте во гужва и немате доволно време, но сакате да ги пречекате гостите со нешто убаво. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г готови кои за пита. ЗА ФИЛ: 2 јајца, малку сол, 2 супени лажици гриз, 80 мл масло, 300 мл јогурт, 500 г ситно сирење/урда. ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ: 1 јајце, малку сол, 1 супена лажица кисела павлака, сусам за наросување

ПОСТАПКА: Во подлабок сад измешајте ги сите наведени состојки: ставете 500 г ситно сирење или урда, па додајте две јајца, посолете со прстофат сол или по вкус (во зависност од соленоста на сирењето), додајте 80 мл масло и 2 супени лажици гриз.

Најпосле прелијте 300 мл јогурт и добро промешајте додека сите состојки да се растопат поврзат. Треба да добиете изедначена густа смеса. Потоа, на работната површина отворете ги купечките кори.

Веднаш пребројте за да знаете со колку листови располагате, па поделете ги на три купчиња. Двете тргнете ги настрана, а работете со корите од првиот куп. Отворете една кора, па преку целата површина премачкјате ја со приготвениот прелив.

Поклопете со втора кора и повторете ја постапката. Поклопете со трета, премачкајте и продолжете ја постапката додека да ја ставите последната, шеста кора. Премачкјате ја и неа со филот, па започнете со виткањето.

Сите пест кори заедно свиткајте ги во еден голем ролат кој потоа треба да го завиткате во проѕирна-стреч фолија. Постапката повторете ја и со останатите кори, така што ќе добиете три дебели ролати кои сите треба да завиткани во фолија.

Вака спакуваните ролати оставете ги во замрзнувач од 30 до 60 минути за да се стегне филот. Доколку ги оставите подолго и целосно се замрзнат, тогаш оставете ги да се одмрзнуваат на собна температура, исто така од 30 до 60 минути.

Потоа вадете ги ролатите од замрзнувач, отстранете ја фолијата и сечете парчиња со дебелина од приближно 2-3 см. Наредете ги парчињата во плех обложен со хартија, па одозгора премачкајте ги со мешавина од едно јајце и една лажица кисела павлака.

Врз секоја питулица ставете по една лажица од овој прелив, па доколку ви се потроши додајте уште едно јајце+1 лажица кисело млеко. По желба наросете сусам, ким или по ваш избор и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу половина час или додека да заруменат. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.