Овој леб изгледа многу декоративно и уникатно, а тенките парчиња се вадат сами, само што ќе потегнете. Од средишниот дел на лебот се разлева кашкавалот и сосот од лук, па затоа овој леб е најдобар помеѓу сите останати рецепти. Ниеден не му е рамен и ова е дефинитивно најдобриот вкус што некогаш ќе го пробате.




Тестото се подготвува во калап со ширина од 22 см, должина 10 см, висина 9,5 см. Исто така важен совет е да не го додавате брашното одеднаш, туку постепено додека го замесувате тестото и ја следите конзистентноста на тестото. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г брашно, 140 мл топло млеко, 6 г (1 лажица) инстант сув квасец, 15 г (1,5 лажици) шеќер, 1 јајце на собна температура, 5 г (1,5 лажиче) сол, 20 г (1 лажица) несолен путер на собна температура, 40 г (2 лажици) крем сирење на собна температура.

ЗА СОСОТ ОД ЛУК: 70 г несолен путер на собна температура, 36 г (2 лажици) мелен лук, 16 г (1 лажица) мед (може да биде шеќер), 1 мала лажица ситно сечкан магдонос (сув/свеж). ЗА НАРОСУВАЊЕ: 140 г Моцарела или некој друг кашкавал. ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ: – разматени јајца на собна температура, 10 г (1 лажица) растопен путер.




ПОСТАПКА: Во еден сад излејте го топлото млеко, па во него додајте го инстант квасецот. Малку промешајте со жица/маталка или шпатула, па додајте го шеќерот. Растворете го квасецот во топлото млеко и почекајте неколку минути, додека да се активира.




Додајте го јајцето кое треба да биде на собна температура. На крајот се додава брашното, измешано со солта и сите состојки се мешаат со шпатула, додека брашното да почне да го апсорбира млекото. Кога смесата ќе се згусне, преминете на месење со рака.




Кога ќе го замесите тестото, тоа може малку да биде лепливо, затоа во него додајте една коцка омекнат путер (несолен) и домесете го уште малку додека путерот да се впие во тестото. Потоа додајте го крем сирењето и со рака измешајте сѐ до соединување. Тестото има предобар вкус од крем сирењето. Може да користите било какво крем сирење, (Абц, филаделфија…).




Замесеното тесто со путерот и крем сирењето треба добро да се изработи за да ги апсорбира целосно и тоа да биде мазно, нелепливо и меко. Затоа тестото по додавање на овие две состојки добро се замесува уште неколку минути. Вака замесеното тесто се враќа во садот каде што првично го направивте, се покрива со пластична фолија и се остава да се удвои 2-3 пати во големина, на топло место (температура од 35/36 степени).




ЗА ФИЛОТ: Во еден помал сад соединете го омекнатиот, несолен путер, чешнињата лук, поминати низ преса или ситно исечкани, медот (или шеќер) и сув/свеж, ситно сечкан магдонос.

Добро соединете ги состојките. Стасаното тесто префрлете го на рамна, набрашнета површина и размесете го уште кратко додека да излезат вишокот акумулирани гасови. Потоа развлечете го со оклагија во тенок правоаголник, со дебелина од 6-7 мм.




Распоредете го обилно филот врз целата површина на тестото, така што добро ќе го размачкате со шпатула. Одозгора наросете со ситно сечкан или рендан кашкавал. Може да користите два вида кашкавали или кашкавал и пармезан, за уште подобар вкус. Исечете го тестото на 4 ленти вертикално, а потоа 4 пати хоризонтално, да добиете 16 квадратчиња.

Земете едно од квадратчињата, ставете го врз второто квадратче што е до него, па сѐ така додека да ги склопите сите четири квадратчиња кои се во еден ред. Настрана подгответе си го калапот и вака подготвените теста наредете ги исправени во калапот. Исполнете го калапот со сите четири редови, така што сите квадратчиња меѓусебно ќе бидат споени.

Лебот се остава да одмори 15-тина под пластична фолија во калапот за печење, а потоа пред да се стави на печење се премачкува со едно јајце. Печете во претходно загреана рерна на 170 степени, околу 30 минути или во зависност од рерната. По печењето, лебот се премачкува со растопениот путер и се послужува топол. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.