Шарењето на јајца со гумички е една од наједноставните техники, но не постои дете кое овие разнобојни бои не би му се допаднале.

За овој рецепт, јајцата прво треба да ги сварите и да ги оставите да изладат и да се исушат. Потоа завиткајте ги со гумички по цела должина и ширина, секое јајце со по 5-10 гумички.

Раширете ги гумичките по целото јајце во различни насоки, така што во средината ќе бидат поврзани и испреплетени.

Таквото јајце натопете го во боја и обојте го на вообичаен начин, а потоа оставете го целосно да се исуши.

Откако јајцата целосно ќе изладат, извадете им ги гумичките па ќе добиете прекрасно ишатани јајца во пругасти линии. Ако сакате повеќебојни пругасти линии, тогаш извадете 2-3 гумички па повторно натопете го јајцето во друга боја, па ќе добиете нијансиран дезен. Пуштете ја слободно вашата фантазија!

Погледнете го видеото за деталите: