Тунел торта: Едноставна верзија на популарната торта, без печење

Ова е поедноставен рецепт за познатата тунел торта.

Додека за класичната верзија треба да се испечат три кори и да се филува, па потоа сето да се нареди и обликува, за оваа воопшто не ви е потребна рерна, а резултатот е одличен.

Накратко, оваа верзија ќе ви се најде кога сте презафатени и кога немате премногу време.

За подлога:

200 г мелени бисквити
200 г мелени ореви
100 г чоколадо за готвење
100 г шеќер во прав
125 г путер или маргарин
1 портокал (кора и сок – 50 мл)

За фил:

750 мл млеко
7 лажици шеќер
6 лажици (полни) густин
125 г путер или маргарин
200 г чоколадо за готвење
100 г бело чоколадо

И уште:

250 г пишкоти

Постапка:

Измешајте бисквити, ореви, шеќер и кора од портокал. Растопете го путерот, додадете искршено чоколадо и мешајте додека чоколадото да се растопи. Спојте ја смесата со сувите состојки, додадете сок од портокал и промешајте.

На тацна обликувајте валјак со должина од околу 27 см и оставете да излади додека го правите филот.

Густинот разматете го со малку ладно млеко, а остатокот од млекото и шеќерот сварете ги, па додадете густин и брзо мешајте додека да згусне. Оставете на ладно и повремено промешувајте за да не фати коричка.

Путерот на собна температура изматете го пенасто, па соединете го со путерот. Од смесата одвојте 1/3 па промешајте 100 г растопено бело чоколадо.

Во остатокот од кремот измешајте 200 г растопено црно чоколадо.

Од белиот крем одвојте 1/3 и премачкајте преку подлогата. Преку белиот крем премачкајте тенок слој темен крем, редете пишкоти (малку натопете ги во млеко или во сок од портокал) со мало растојание (по ширина 6 пишкоти, по должина 2,5).

Празнината помеѓу пишкотите пополнете ги со темен крем и премачкајте само толку колку да се прекријат пишкотите.

Премачкајте со остатокот од белиот крем, повторно тенок слој темен крем, па пишкоти (7 пишкоти по ширина) пополнете празнина помеѓу пишкотите и премачкајте со остатокот од кремот.

Украсете по желба.

Loading...