Одамна сте размислувале да направите фонтана и мини езерце во вашиот дом, но некако од различни причини, таа идеја сте ја одложувале.

Меѓутоа, денес постојат фирми кои за многу евтини пари можат да го исполнат вашиот сон, а доколку сте креативни, тоа можете да го направите и сами со само неколку изгледани видеа на Јутјуб каналот.

Малите градинарски езерца навистина се волшебни. Во нив со часови можете да гледате и да уживате со смирен ум. Кафето со пријателите најубаво се пие и ужива покрај едно вакво мало езерце.

Тоа може да биде со најразлична големина, длабочина и форма, може да биде исполнето со флора и фауна. Различни растенија делуваат мистично во дополнение со декоративни риби. Езерцето може да содржи и фонтана и други различни декорации.

Погледнете неколку идеи, можеби некоја од нив ќе биде токму вашата инспиација.