ВОЛШЕБНА СНЕГУЛКА ОД ХАРТИЈА: Направете магичен амбиент и забавувајте се во новогодишните празници

Има ли нешто похармонично од гледањето низ прозорец, додека снегулките нежно паѓаат на земјата? Доколку и вие сте голем љубител на снежната идила и сакате тоа да го прикажете на креативен начин, земете лист хартија и ножички и следејќи ги едноставните инструкции подолу, направете волшебна снегулка од хартија.




Вклучете ја имагинацијата и направете безброј различни форми. Ќе видите и самите колку е едноставно – само неколку движења и ќе добиете вистинска убавина. Патем, снегулката може да се направи двострана. А откако ќе ја направите оваа снегулка, погледнете ги следните видео презентации и одберете ја вашата омилена снегулка.




Снегулката се состои од 5 квадрати со различни големини: еден голем, два средни и два мали. Да се ​​направи квадрат е лесно – само треба да ја свиткате хартијата како што е прикажано на фотографијата и да го отсечете вишокот.

чекор 1




чекор 2

Истото повторете го и со останатите 4, но направете ги квадратите помали за 2 см. Најпрво започнете со големиот квадрат. Преклопете го на половина неколку пати. Додека да добиете детаљ каков што е прикажан на фотографијата. Внимателно исечете го аголот косо.

чекор 3




Потоа расклопете го и следете ги линиите кои останале од преклопувањето. Исечете ги сите превиткани делови, а за тоа можете да се послужите и со специјален нож за канцелариски материјал/скалпел.

чекор 4




Конечно, претпоследното нешто што треба да го направите, е да ги направите „перјасти“ краците на снегулките. Ова се постигнува со густи тесни засеци во краците кои се прават со помош на остри ножици.

чекор 5




Повторете ги истите чекори за сите квадрати. Така ќе имате една голема снегулка, две средни и две мали. Преостанува само уште да ги залепите една за друга, со допирна точка во центарот, но така што рабовите на едната снегулка да не се совпаѓаат со претходната.

чекор 6




чекор 7

Ако направите четири средни и четири мали и ги залепите на задната страна, тогаш снегулката ќе испадне уште поголема и пообемна! Принципот на работа е едноставен, но резултатот е одличен. Можете да правите снегулки со различна големина, различен обем, па дури и шарени снегулки…

чекор 8




Пред вас има видео упатства за оние кои најмногу ни се допаднаа. Одберете хартија каква што сакате, викнете ги децата да ви помогнат, земете ножици во раце и – на сецкање…Забавувајте се и уживајте во новогодишните празници.

видео презентација за оваа снегулка – ОВДЕ.
видео презентација за оваа снегулка – ОВДЕ.
видео презентација за оваа снегулка – ОВДЕ.
видео презентација за оваа снегулка – ОВДЕ.
Претходна статијаДЕКОРАТИВНО ПРЕДЈАДЕЊЕ: Полнет леб со јајца и кремаста салата, прв се јаде од свечената трпеза
Следна статијаКОЛАЧИ СО КОКОС БЕЗ ПЕЧЕЊЕ – 3 СОСТОЈКИ: Готови се за помалку од 10 минути, повкусни од баунти