Не можам да ја сокријам мојата воодушевеност од ова ладно предјадење. Доколку веќе имате спремна руска или некоја друга кремаста салата, овој делијатес ќе го подготвите уште побрзо. Потребен ви е еден долгнавест леб со мека кора, неколку варени јајца и кремаста салата…




А, откако ќе го филувате и откако ќе отстои во фрижидер, овој „полнет леб“ се сече на многу убави парчиња. Направете го и уверете се сами. Моите гости беа воодушевени и буквално за 5 минути не останаа ниту трошки од ова вкусно предјадење. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 леб, 100-150 г тенки листови кашкавал, 250 г крем сирење, 100 мл неутрална или кисела павлака, 3-4 кисели краставички корнишони, 2 домати, 3-5 јајца, 100 г зелени и црни маслинки (по 50 г од двете), 125 г кисела павлака/мајонез/намаз, 10 црвени и жолти пиперки од туршија (или „пеглани“ пиперки), 1 китка власец, 1 китка магдонос, малку свеж босилек за декорација




ПОСТАПКА: приближно измерете колку јаца ќе ви бидат потребни по должиба на лебот што сте го избрале, па ставете ги во тенџере, прелијте ги со ладна вода и ставете ги на ога. Од моментот на зовривање варете ги 8 минути. Потоа истурете ја врелата вода и веднаш ставете ги да се ладат во ледена вода со неколку коцки мраз.




Зачинските билки измијте ги и оставете го да се исцедат од вишокот вода, па ситно исечкјате ги. Исцедете ги корнишоните и киселите пиперки од вишокот течност, па исечкјате ги на ситни коцкички.




Доматите исто така исечкјате ги на коцкички, со тоа што најпрво ќе ги отстраните семчињата и течната пулпа од внатрешноста. Потребно е да се извлече само цврстиот, месесест дел од доматите (нешто слично како што се постапува при подготовка на гвакамолето).




Крем сирењето и павлаката пенасто изматете ги додека да добиете убава нежна кремаста смеса. Наместо течна павлака може да користите кисела павлака (важно е да добиете густ крем). Додајте сол и црн пипер. По желба, во смесата може да додадете и малку сечкан или рендан кашкавал, сирење, шунка или нешто по ваш вкус.




Додајте ги сечканите пиперки, кисели краставички, сечканите маслинки на тркалца… ова е основата за оваа смеса. Кој сака може да додава и друг зеленчук по сопствен избор и вкус. Може да користите и веќе готова, претходно спремна крем-салата.




Од лебот исечете ја горната страна, па извадете ја внатрешноста (средината, мекиот дел). на дното и на страниците наредете ленти од тенко исечен кашкавал, па внатре истурете половина од подготвената салата. Во средината наредете ги по долж варените, излупени јајца, па одозгора истурете го остатокот од салатата.




Добро пополнете ги сите празнини и израмнете. Одозгора покријте со ленти кашкавал и парчето леб кое го отсековте (како капак). Целиот леб премачкајте одозгора и на страните со кисела павлака (може и со мајонез или со крем сирење кое се мачка), па наросете со сечканите билки.




Оставете да отстои во фрижидер најмалку 2 часа, а потоа сервирајте го во некоја украсна чинија. Декорирајте со гранчиња свеж босилек, а може и по ваш исвор, со шери домати, трклаца јајца, сечкани корнишони, рендан кашкавал…