ВОЛШЕБЕН КОЛАЧ СО ЈАБОЛКА…Ова е најдобриот колач од јаболка што некогаш сум го пробала…Го нарекуваат и „Неверна Тонка“ или „Сипана пита“, бидејќи оние кои по првпат го прават, честопати се сомневаат во резултатот…
Како бисквитот може да се испече без течност, ит оа е тоа што многумина ги збунува. Нема јајца, масло, јогурт или млеко…Само суви состојки и јајца…Тоа е сѐ! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 300 мл, или се користи една иста, пр. од 200 или 250 мл):
1 чаша гриз
1 чаша сенаменско брашно
1 чаша шеќер
1 прашок за печиво
1 ванилин шеќер
5 поголеми јаболка или по потреба
цимет по вкус
околу 150 г путер или маргарин
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад измешајте ги сите суви состојки. Калапот намастете го со путер или масло. Јаболката изрендајте ги и посипете ги со цимет по вкус.
2.Прекријте го дното на калапот (30х20 см) со сувата смеса, врз неа распоредете јаболка (без да ги цедите), па повторно сува смеса, па јаболка и завршете со сува смеса. Слеви можете да редите и повеќе.
3.Одозгора распоредете сечкан путер и ставете да се пече во загреана рерна на 180-200 степени околу 40-50 минути. Сличен рецепт со видео презентација можете да погледнете ОВДЕ.
СИПАНА ПИТА СО ЈАБОЛКА: Без матење и готвење, се „сипува“ директно во плехот и се пече