Лековитата вода од лук е моќен лек за јакнење на имунитетот, многу е евтин и лесно се подготвува. Луковата вода ги спречува бактериите, паразитите и вирусите да продрат и да се размножат низ организмот. Притоа телото се исчисти од токсините и заштитува од настинки особено во ладните месеци.

Го забрзува регенерирањето на клетките и помага во опоравување од болести. Лековитата вода од лук е имуномодулатор и може да ја консумираат и здрави луѓе, како и дијабетичарите, оние кои имаат висок кр-вен притисок, висок холестерол, болни зглобови и бубрежно болните.

Има бројни сведоштва дека водата од лук помага дури и при слабеење. Лукот е широко распространет на нашите простори, а познат е по големиот број на лековити својства. Оваа исклучително здрава намирница е совршен зачин во подготовката на месо, супи, чорби и тестенини, а истовремено претставува и многу моќен природен лек.

Лековитоста на лукот се ценела уште од дамнешно време. Спроведени се голем број научни студии кои докажуваат дека лукот е природен антибиотик. Свежиот лук има повеќе од 400 активни супстанци и изобилува со антиоксиданси, витамини и минерали, меѓу кои се издвојува алицинот.

Алицинот е одговорен за намалувањето на маснотиите во кр-вта, намалување на кр-вниот притисок, јакнење на имунитетот, а има и позитивно влијание врз слабеењето. Покрај тоа што овој зеленчук изобилува со бројни лековити својства, сепак истражувањата велат дека луѓето не го консумираат лукот во потребните количини.

Тоа се случува бидејќи лукот има многу силен, а за некои и непријатен мирис кој тешко се вари во стомакот. Но, билкарите открија нов начин на консумирање на овој лековит зеленчук, а тоа е лековитата вода од лук.

Лековитата вода од лук не остава силен мирис после консумирање, изобилува со лековити својства, а исто така и многу лесно се дигестира во желудникот, па така нема да чувствувате мачнини ниту мирис после пиењето на оваа вода.

Како што споменавме претходно, лековитата вода од лук го јакне имунитетот и спречува настинки. Затоа претставува најдобра превенција против вируси, бактерии и грип. Потребно е да ја пиете секое утро, за да има позитивно влијание врз целокупното здравје.

Многу лесно се подготвува, а со сигурност го стимулира имуниот систем што дури го успорува растот на некои тумори. Доколку секојдневно пиете вода од лук, ќе го регулирате кр-вниот притисок, а ќе ви помогне многу повеќе од некои вештачки и скапи суплементи наменети за прочистување од маснотии и шеќер.

Искуствата на дијабетичарите се многу позитивни во однос на лековитата вода. Првите резултати се видливи по само 7 дена консумирање на лукова вода. Неговото антибактериско и антибиотско дејство помага во лекувањето на урогенителни инфекции и инфекции на мочниот меур.

Лековитата вода од лук се препорачува да ја пијат и болните од остеопороза бидејќи ги јакне коските и не дозволува да станат кршливи. Има позитивно дејство врз зглобовите и воспаленијата. Алицинот ги согорува масните наслаги. Тој го стимулира топењето на килограмите, а лековитата вода од лук е и одличен детокс на организмот.

Во некои култури, оваа вода се користи и за негување на лицето. Доколку долго време се борите со акни и митисери, водата од лук со сигурност ќе ги исчисти токсините насобрани во порите и ќе ја спречи појавата на акни. Воедно лицето ќе го направи да изгледа нежно, мазно и еластично.

Рецепт за лековита вода од бел лук

За подготовка на лековитата вода потребни ви се една чаша со вода и 1 чешне лук, претходно излупено и пресечено на половина. Ставете го пресеченото лукче во чаша со вода и поклопете го со тацна. Водата треба да отстои 24 часа на собна температура пред консумирање.

Толку време е потребно за лукот да ги испушти своите најлековити супстанции во водата. Тоа значи дека секој ден треба да подготвите нова лековита вода за следното утро. За постигнување на саканите ефекти, доволно е да испиете една чаша лековита вода од лук наутро, на празен стомак.

Искористените чешниња лук може да ги искористите при подготовката на ручекот или да ги ставите во некоја салата. Текстот за НМД-мк го напиша Мартина Христовска.