За водата од лук велат дека “чу-да” прави за целиот организам.

Луковата вода станува сè попоуларна меѓу луѓето поради своите позитивни својства за подобрување на целокупното здравје на телото. Се смета за еден од најсилните природени лекови кои ги има народната медицина.

Го јакне имунолошкиот систем, го прочистува телото од токсини, а многу моќно делува и против сите воспаленија – вирусни, габични и бактериски.

Како се употребува луковата вода: Исчистете едно чешне лук, пресечете го надолжно на половина, ставете го во чаша вода, поклопете со тацна и оставете на собна температура да отстои 24 часа.

За тоа време лукот ќе ги ослободи своите активни состојки во водата. Испијте ја луковата вода. Ако чешнето е големо, доволно ќе биде да употребите и само една половинка.

Повторувајте ја постапката барем седум дена во месецот, а најдобро би било оваа постапка да ја спроведувате просечно двапати седмично.

Овој напиток ќе го набилда вашиот имунитет, ќе го исчисти телото од насобраните токсини и отпадни материи од метаболните процеси во организмот, а ќе делува и превентивно на низа заболувања, меѓу кои се и високиот крвен притисок, воспаленија, грип, вируси и бактерии, но и потешки заболувања како што се ракот.

‘РТЕН ЛУК – Можеби не сте знаеле, но ‘ртениот лук е уште поздрав во однос на обичниот, бидејќи е посилен антиоксидант. Неговите противвоспалителни и антиканцерогени својства, како и моќното дејство кое го има врз сочувување на кардиоваскуларниот систем се уште посилни во ‘ркулците на лукот.

Некои билки како што е компирот, не се здрави кога ќе из’ртат, бидејќи тогаш ослободуваат одредени токсини, но тоа не е случај со лукот. Тој е најздрав кога ќе из’рти, бидејќи тогаш постигнува полн потенцијал и нутритивна вредност.

Значи, слободно оставете лукот да ‘изрти, а потоа користете го, а еве и како:

Половинките од чешнете лук кои ви останаа од водата, веднаш ставете ги во чинија и поклопете ги со чаша. Оставете вака на собна температура за да се создадат услови на стаклена градина. Лукот многу брзо ќе пушти ‘ркулци.

Вака из’ртениот лук е најдобро да се јаде во свежа состојба, така што ќе го додавате во салати, напитоци, јадења или ќе го проголтате со чаша вода.