Мини градина направена во вашата шолја за чај може да биде најсимпатичната бајка во вашиот дом.

Повеќето луѓе при уредувањето на својот дом внимаваат на деталите, притоа оставајќи доста од својот персоналитет втиснат во нештата кои служат за декорација.

Па така, тоа се претежно симпатични работи кои ни овозможуваат да се чувствуваме пријатно, како полици со книги, постери и уменички слики, уметнички кујнски плочки, разни цвеќиња и сукуленти, мини градини…

Во изолацискиот период луѓето се зафатија со многу креативни работивни, па набрзо мини градините во шолја за чај станаа вистински хит на социјалните мрежи.

Би можеле и сами да се обидете да направите една мини градина: одберете шолја за чај и неколку сукуленти, билкички и мини предмети за декорација.

Погледнете неколку фотографии од галеријата, би можеле да добиете идеја.