Во четврток, на 17 декември, Православните христијанија празнуваат света великомаченица Варвара, по-губена од својот татко затоа што била христијанка.

Еден од поголемите празници што нашиот народ ги празнува со домашни служби е и празникот на Светата великомаченичка Варвара. Обично се празнува со домашни служби, се вари пченка – за да се завари, да се затече жито во полето и во амбарите.

Повеќе села и топоними низ цела Македонија го носат нејзиното име што зборува за раширеноста на нејзиниот култ кај нас.

Житието сведочи дека Света Варвара се роди во Хелиопол за време на царувањето на Максимијан. Татко и беше паганин. Се викаше Диоскор и беше многу богат човек. Варвара израсна во осама, во богатите дворови на татко и.

Еднаш кога татко и требало да отпатува од градот за подолго време им наредил на слугинките да и дозволат да излегува и да се среќава со нејзини врснички. Мислел дека и таа откако ќе види дека тие се омажени ќе посака и таа да се омажи.

Но таа се сретнала со некои христијанки кои подетално ја упатиле во тајните на христијанската вера. И зборувале за вистинскиот Бог Исус Христос кој слегол на земјата, зел човечка форма и претрпел многу страдања за спасение на човечкиот род.

Сега срцето на девојката се исполнило со љубов кон вистинскиот Бог и таа посакала да стане христијанка. Тоа набргу се случило, откако во градот дошол еден свештеник од Александрија, кој кога разбрал за нејзината желба веднаш ја крстил.

Варвара побарала на бањата да направат три прозора како симбол на светото тројство: Таткото, Синот и Светиот Дух. За да ја освети бањата со прстот направила крст на ѕидот, а крстот се врежал во мермерот како со железо издлабен.

Потоа и од стапалката каде што згазнала потекла лековита вода од која многу болни нашле исцелување. Кога татко и се вратил од пат бил изненаден од тие измени, а таа му признала дека е христијанка и дека верува во единствениот Бог кој ги создал небото и земјата.

Татко ѝ бил изненаден, жестоко ја пр-етепал и ја за-творил во кулата. Во тоа време паганите верувале дека христијаните се малоумни и нечесни луѓе, зашто веруваат во оној што ум-рел на најс-рамен начин, како најголемите раз-бој-ници, рас-пнат на крст.

Кога и по неколку дена не успеал ниту со ветувања, ниту со сила да ја убеди да се откаже од својата вера ја одвлекол кај управникот на областа Мартијан, за да ја ка-зни. Му кажал дека се откажува од неа затоа што таа почнала да верува во Распнатиот.

Мартијан најпрвин се обидел да ја убеди да се откаже од својата вера, да не се спротивставува на својот татко и да не се откажува од богатството што тој и го подготвил, но таа останала тврда во своето убедување. Кога го видел тоа управителот наредил да ја теп-аат со воловски жили.

Одвај жива ја однесле во зат-ворот. Таму пак долго ја мач-еле и тепале додека телото не и било покриено со ра-ни и к р-в. Но преку ноќта и се јавил Исус со ангелите и ја излекувал.

Кога следниот ден ја донесле кај управителот, таа целата светела од радост и убавина. Тој пак и понудил да им принесе жртви и да им се поклони на паганските богови, затоа што тие ја излекувале.

Но Варвара му рекла дека не паганските богови туку ја излекувал Господ Исус Христос кој лечи секакви болести и на мртвите им дава живот. „Нему со благодарност му се поклонувам и му се принесувам за жртва“, му рекла таа. Потоа пак ја подложил на невидени ма-ки, но таа со цврста вера сето тоа го истрпела.

Гледајќи го тоа една жена по име Јулијана посакала да биде исто така мач-ена. Кога видел дека не може да ги поколеба Мартијан ги осудил на см-рт. Војниците им ги от-се-кле градите, а потоа ги потерале надвор од градот каде што требало да бидат пог-убени.

Најпрвин таткото на св. Варвара и ја пр-ес-екол главата, а потоа војниците ја ув иле и Јулијана. Истиот ден Божјата казна ги стигнала и таткото на Варвара Диоскор и управителот Мартијан. И двајцата ги ув ил гром, а од нивните тела ништо не останало. Двете мач-ени-чки ги погребал некој христијанин кој изградил и храм над нивните гробови.

Светата великомаченица Варвара наст-ра-дала во 306 година, а Светата црква споменот на нејзиното име го празнува на 17/4 декември. Нејзините мошти се наоѓаат во Киев, а светото предание сведочи дека таа повеќе пати се јавувала, некогаш сама, некогаш со Пресвета Богородица.

Празникот на Светата великомаченица Варвара народот најчесто го поврзува со заварување (затекнување), варење и сл . Поради тоа и обичаите и верувањата што се изведуваат на тој ден се во таа насока.

Култот на Светата маченица Варвара особено популарен бил во Разлошко каде што се верува дека таа била од овој крај и дека тука наст-радала. Овде се изведуваат интересни обичаи, се празнува со собири и панаѓури.

Тогаш девојките и момчињата се облекувале во специјална облека, со специјални капчиња на главите оделе кај црквата „Света Петка“ над селото, таму играле и пееле, а потоа се враќале и во групи, ужинале во некоја куќа каде што специјално за нив се готвела храна. Потоа пак играле и пееле повеќе обредни песни меѓу кои и „Света Варвара букосава Свети Никола“.

Споменот на светата маченица Варвара во Разлошко се празнувал и во средата по Велигден кога мноштво народ се собирал кај месноста Света Варвара два километри подалеку од селото Елешница, на реката Места, каде што има топла вода. Таму се собирал народ од соседните села и се правел панаѓур.

Останало запишано дека на 4 декември луѓето се собирале кај изворот со топла и лековита вода да се измијат за здравје и исцелување од секакви болести. Од 1850 година ова празнување било пренесено на средата по Велигден зашто во зима било студено, со снег.

Инаку, преданието вели дека светата маченица Варвара потекнувала од овој крај и тука стр-ад-ала. На местото каде што е ув иена излегла вода со црвеникава боја за која се смета дека е од нејзината к р-в.

Во Радовиш на овој ден подготвувале пченка за варење за да се заварат (затечат) бучуци жито. Во овој крај со Варвара бил поврзан обичајот „полазувајне“ што се среќава и во други краишта на Македонија, иако во некои места овој обичај е поврзан и со некои други празници. Имено тој прв што ќе влезе во куќата наутро се вика „полезник“.

Се смета дека е добро тој да е човек со „лесен полез“ поради што поканувале луѓе што ги сметале за среќни први да дојдат наутро и да бидат полезници. Полезникот носел неколку сламки и велел: „Дујде Света Варвара сус гуденца, сус пиленца, сус детенца, и бериќет и здравје и ксмет да имате во куќата“. Полезникот го честеле со кафе, слатко и др. а му давале и пари.

Обичаи поврзани со полезник се изведувале и во Гевгелиско каде што овој обичај се изведувал на Мартинци. Освен тоа домаќинката мешала повеќе житни култури (пченка, јачмен, овес, просо и др.) ги варела и им ги давала на кокошките да им се разварат цревата и да несат повеќе јајца во текот на годината.

Варење жито на овој ден среќаваме и во Кумановско. Овде најчесто во ѓезве вареле пченка и пченица (мешан бериќет) и сите од куќата каснувале утрото пред да одат на работа. Тоа се правело за да не се запече полето да биде влажно како водата во ѓезвето и да тера бериќетот.

Истиот ден се јадел варен грав за да не го тепа град полето. Во Велешко верувале дека од Варвара до Игнат денот се кревал колку врв од игла, а од Игнат до Васил пак како врв од игла.

Очигледно е дека култот на светата маченичка Варвара е доста раширен во Македонија. За тоа зборува и фактот што многу семејства овој ден го имаат за домашен празник и го празнуваат со домашни служби.

Нејзините мошти се наоѓаат во Киев, а светото предание сведочи дека таа повеќе пати се јавувала некогаш сама некогаш со Пресвета Богородица.

На ист ден Црквата го слави и свети Јован Дамаскин. Живееше во осмиот век. Со голема ревност и длабочина на мислата го бранеше Православието и почитувањето на иконите од иконоборците.

Сето ова погоре се народни традиции. Треба да запаметите дека за да биде Богоудно, при прослава на овој ден, или било кој друг Светител, најважно е да се отиде на литургија и да се учествува во сведочењето на Светите тајни.