Во Австралија го лекуваат ракот на кожа со овој зеленчук: природен третман од 12 седмици!

Фитохемикалијата од модриот патлиџан се покажала како лековита во дури 80 000 случаи со карцином на кожа!

Жителите на Австралија, благодарение на оваа фитохемикалија, го лекуваат ракот на кожа веќе со децении. Фитохемикалијата позната под името BEC5 е екстракт од патлиџанот кој го открил д-р Бил Е. Кам, откако слушнал за лекот од народната медицина која ја применувале австралиските фармери.

Имено, луѓето го запознале со природната медицина која тие ја користеле за да ја лекуваат својата стока. Фармерите нанесувале топли облози направени од семките од овошјето познато како ѓаволово јаболко со латинско име Solanum linnaeanum. Оваа билка е дел од фамилијата Solanacea во која спаѓаат доматите и модриот патлиџан.

BEC5 се врзува за рецепторите на површината од канцерогените клетки. По дигестијата на екстрактот, доаѓа до пукање на клетката и нејзино уништување, по што се реапсорбира во телото.

Во лекувањето на преку 80 000 случаи со рак на кожа, BEC5 ја покажал својата ефикасност. Имено, инванзивниот и неинвазивниот немеланомски карцином на кожа се видовите рак кои се лекувале со патлиџан. Ракот во секој поединечен случај преминал во ремисија и никогаш не се вратил. Жителите на Австралија, благодарение на оваа фитохемикалија се лекуваат од карцином на кожа веќе со децении.

Споменатиот BEC5 ги убива само канцерогените клетки и не им наштетува на здравите клетки во човековото тело, па исто така може да се користи за лекување на актинска кератоза, како и за дамки на кожата предизвикани од сонце или старост.

Можен предикатор на ракот на кожа е актинската кератоза. Претераното изложување на сонче предизвикува црвени дамки кои се составени од абнормални клетки кои можат да мутираат во малигни и тоа во основните или базалните слоеви на кожата.

Уште еден чест облик на рак на кожа е во вид на брадавици со неправилна површина, но сепак е можно да се лекува со екстракт на патлиџан.

Оваа супстанција од патлиџанот покажала успешност во преку 78% од случаите и тоа кога се нанесува осум седмици, користена во облик на крем во текот на 25 години клиничко истражување во Австралија и Велика Британија.

Кремот има 100% успех во отстранување на ракот, од кој ниеден не се вратил во следните пет години, ако се користи 12 седмици.

Можеби звучи неверојатно, но со овој природен лек бројни операции би се спречиле, а здравјето на многумина сочувано.

Loading...