Професионално и највкусно тесто за пица и фурнаринки

Баравте рецепт за совршено пица тесто кое ќе може да го искористите и за фурнаринки со кашкавал? Имаме еден брз предлог кој може да се модифицира според вкусот и потребата.

Потребни состојки:

250 мл топла вода
2 1/4 лажички сув квасец
1 лажица мед или шеќер
2 лажички сол
2 лажички маслиново масло
З шолји брашно

Постапка:

Измешајте го квасецот co медот или шеќерот во топлата вода. Оставете 10-15 минути додека квасецот да се активира.

Додате сол, масло и половина од брашното, па добро промешајте. Остатокот од брашното додавајте го постепено, додека да добиете меко тесто кое не се лепи.

Потоа, месете го околу 6 минути. Оставете го да нарасне 1-2 часа во сад прекриен со пластична фолија.

Обликувајте го како за пица или фурнаринки и одозгора наросете или наредете ги намирниците кои ги сакате.

Ако сакате да направите пица, премачкајте го тестото со доматен сос, нарендајте кашкавал, ставете свежи печурки, салама по желба…

Ако сакате да направите фурнаринки тестото премачкајте го со 2 лажици растопен путер, па додадете кашкавал и сирење по желба.

Коментар на Зоран Андонов:

”Greska vi e informacijava za stasuvanje odkoga se izmesuva testoto se ostava da odmori 15 do 20 minuti i se pravi vo topcinja od 250 grama pa se ostava da stasuva najmalku 1 cas na prirodna temperatura pa se pravi togas pizza a za pecenje temperaturata da ne bide pod 350 stepeni i se pece okolu 8 min vo domasni uslovi i sto e mozno podobro e da se stavi vo potenok pleh”

Loading...