Фотографија и рецепт на Sonia Andreev. Потребни состојки: 500 мл јогурт (на собна температура), 500 мл млако млеко, 1 свеж квасец, 1 лажичка сол, 1 лажица оцет, 150 мл маслиново масло (филџан за кафе браво), 3 белки, брашно по потреба и путер/маргарин за премачкување на корите

За премачкување: жолчка разматена со малку масло. Постапка: Се растопува квасецот во млако млеко со малку шеќер и брашно, па се остава 10-тина минути да се активира. Потоа сите состојки заедно се мешаат и спотепено се додава брашното.

Се замесува мазно, средно меко тесто кое не се лепи на рака. Се остава да стасува половина час, а потоа се премесува и се дели на неколку топки. Секоја топка се развлекува во правоаголна кора, а потоа се премачкува со путер. Кората се витка во ролат, па со ножици се засекуваат тенки листови.

Секој лист се трга на страна (види фото). Се остава половина час да стасува, па се премачкува со жолчка и во добро загреана рерна се пече 25 минути.

Напомена: Кога ќе ја премачкате кората со путер, може исто така да ставите фил од сирење или нешто друго по желба.

Фото и рецепт: Sonia Andreev