За овој рецепт не ви е потребен ниту миксер, ниту блендер, а сите потребни состојки ги мешате со наједноставна виљушка. Потребни ви се само 5 минути за да ги измешате состојките. Она по што се разликува од другите слични излеани пити е начинот по кој се излева.




Имено, тестото не треба да се меси, ниту да се развлекува, туку се црпи со лажица претходно намастена во растопена маст/путер или масло и постепено се додава во тепсијата, додека целата да се исполни… Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 јајца, 1-2 лажички сол (по вкус), 1,5-2 лажички прашок за печиво, 1 помало калапче сирење (100-200 г, по желба), 1 чаша кисела павлака (180 г), 100-150 г сланина, 5 шолји брашно (од 120-150 мл), 200 мл млеко (додајте уште малку ако е густа смесата) и 100-150 г путер/маргарин/маст.




ПОСТАПКА: Јајцата изматете ги со виљушка, посолете и додахте прашок за печиво. Промешајте убаво за да нема грутчиња. Во смесата од јајца додајте ситно издробено сирење, една чаша кисела павлака (може и јогурт). Промешајте за да се изедначи.




Во смесата додајте исечена сланина на коцки, промешајте, па додајте го брашното и млекото. Ако добиете многу густо тесто, додајте уште малку млеко, вода или јогурт, а ако е ретко додајте уште малку брашно. Смесата треба да биде погуста од онаа за палачинки, полутечна.




Тепсија или плех со средна величина ставете ја на оган заедно со коцка путер, додека да се растопи и загрее. Во врелата маснотија со намастена лажица црпете од тестото и ставајте во тепсијата.




Лажица по лажица црпете и ставајте во тепсијата, а пред секое црпнување малку намастувајте ја лажицата во врелото масло. Повторувајте ја постапката додека да се потроши целата смеса.




Смесата може да се истури целата одеднаш, но вака многу подобро се одвојува и има подобра текстура. Во меѓувреме вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени.




Ставете ја питата да се пече, околу половина час или додека убаво да зарумени одозгора. Печената пита покријте ја со крпа и оставете ја 10-тина минути да излади. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.