Вкусни топчиња кои се топат во уста…Најубавите крофнички, подобри и од купечките…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

120 мл млако млеко
10 г свеж квасец (1 лажичка)
40 г шеќер
40 г растопен путер (или масло)
1 прстофат сол
8 г ванилин шеќер
1 јајце на собна температура
280 г сенаменско брашно

ПОСТАПКА:

1.Растворете го квасецот во млако млеко, па додајте го шеќерот, растопениот путер и прстофат сол. Измешајте со жица за сето да се соедини. Додајте едно јајце и ванилин шеќер, па повторно изедначете.

2.Постепено додајте го брашното и мешајте додека да добиете компактно тесто. замесете го со рака, обликувајте топка, покријте го и оставете го на топло да ферментира 1 час.

3.Стасаното тесто истресете го врз парче хартија за печење малку посипана со брашно, па развлечете кора со дебелина од 1 см.

4.Со мала чаша или модла вадете крофнички. Остатокот од тестото повторно развлечете го и вадете крофнички додека сето да се потроши.

5.Крофничките покријте ги и оставете ги да ферментираат половина час.

6.Пржете ги во длабоко масло (2 см) додека да заруменат од двете страни. Крофничките посипете ги со шеќер во прав помешан со цимет, или пак, со течно чоколадо и бадеми, или нешто по ваш вкус.

Постапката погледнете ја ОВДЕ.