Со пиперките можете да подготвите најразлични видови јадења, и секојпат секое јадење со нив излегува многу вкусно. Дали подготвувате полнети пиперки, или само ги пропржувате со сирење или пак ги правите во ајвар, лутеница, макало, не е важно, резултатот е секогаш воодушевувачки. Во продолжение може да прочитате три рецепти со пиперки, кои просто ќе ве воодушеват. Запишете си ги. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 6 исчистени печени пиперки. ЗА ФИЛОТ: 400 г сирење (300 г еден вид на сирење, 100 г втор вид на сирење), 1-2 лажици кисела павлака, 1/2 лажичка лук во прав/гранули, 1 лажица маслиново масло. ЗА ПРЕЛИВАЊЕ: 2-3 јајца, 2-3 лажици кисела павлака, 100 мл млеко, морска сол, малку масло, гриз, рендан пармезан.

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 300 г сирење по ваш избор, 4–5 печени пиперки, 2 чешниња лук, 6 зрна црн пипер, 1 ловоров лист, прстофат сув босилек, прстофат сув рузмарин, 200 мл екстра девствено маслиново масло.




ПОСТАПКА (ТРЕТ РЕЦЕПТ): 20 црвени „рог“ пиперки, 2 јајца, 200 г тврдо сирење, 4 големи лажици брашно, 4 лажици лебни трошки, 2 чешниња лук, 1 супена лажица сечкан власец, лути феферони по желба, сол по вкус, по потреба се додава масло за пржење.

ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Загрејте ја рерната на 200 степени, пред подготовка на пиперките.  Погоден огноотпорен сад премачкајте го со масло и наросете со гриз. ЗА ФИЛОТ: Обете сирења соединете ги со павлаката, додајте масло и лукче, убаво измешајте и наполнете ги исчистените пиперки.




По желба може да користите и ситно сечкано лукче, неколку чешниња. Во подготвеното јадење ставете ги полнетите пиперки, малку посолете и наросете ги со маслиново масло. ЗА ПРЕЛИВОТ: Изматете ги наведените состојки (јајца, кисела павлака, млеко сол) и прелијте врз пиперките.




ПРВ РЕЦЕПТ

На крајот, наросете обилно со рендан пармезан и печете во претходно загреана рерна додека пиперките да поруменат. Послужете ги печените пиперки како главно јадење или како прилог со месо по ваш избор. ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Пиперките се печат на плотна (ако не се претходно подготвени) и се редат во кеса или тенџере со капак, па кога малку ќе подизладат се лупат и се чистат од семките и дршката.




Вака подготвените пиперки треба да ги исечете на коцки. Одберете си сирење по ваш избор, може да биде солено како овчо или некое полесно по ваш избор. Сирењето се сече на коцки, но не премногу ситно за да не се распаѓа (затоа се препорачува фета или некое потврдо). Во еден сад соединете ги пиперките, па зачинете со набројаните зачини кои се напишани погоре во потребните состојки.




Лукот излупете го, па исечете го на помали делови и додајте во мешавината. Во чиста, измиена тегла префрлете ги сите состојки, па прелијте со маслиново масло до врвот. Доколку сакате да направите помала количина, намалете ја по ваша желба, а од оваа мерка се добива полна тегла од 700 г.




ПОСТАПКА ЗА ТРЕТИОТ РЕЦЕПТ: Третиот рецепт малку поразличен во однос на претходните два рецепти. Црвените „рог“ пиперки ги има цел септември, а верувам дека љубителите на „рог“ ќе уживаат во салати и слични деликатеси. Овој начин на подготовка гарантира многу вкусен прилог. Запишете си го овој рецепт.

ТРЕТ РЕЦЕПТ




Пиперките измијте ги, исушете ги и испечете ги на 220 степени. Калапот каде што ги печете пиперките покријте го со хартија за печење, а при печењето на пиперките превртете ги неколку пати за да се испечат рамномерно. Пиперките се печат додека да им потемне кожата.




Печените пиперки покријте ги со кујнска крпа и оставете ги целосно да се изладат.
Излупете ја кожичката на ладните пиперки и извадете ги семките, а потоа ставете ги во цедалка за да се исцеди вишокот течност. Изрендајте го сирењето.

Пиперките се сечкаат ситно со нож и се ставаат во посебен сад. Додајте ги јајцата, брашното, презлата, сечканиот млад лук и власец, сол и по желба сечкани феферонки. По потреба додајте уште сол, доколку сирењето не е многу солено. Измешајте додека да добиете компактна смеса која има текстура за премачкување.

Со набрашнени раце обликувајте плескавици и пржете ги на малку посилен оган (не многу силен да не изгорат), а кога ќе се испржат од двете страни, за што ќе биде потребно неколку минути вадете ги на овал обложен со хартија за да се впие вишокот масло. Во зависност од дебелината на плескавиците, секојпат се пржат различно време. / Сoolinarka.сom