Вкусни плескавици, вака ме научи мама и до денес го користам истиот рецепт

Потребни состојки:

500 г мелено месо

поголемо парче леб (потопено во вода или млеко)

1 главица кромид

ситно сечкан магдонос

2 лажици сув мешан зеленчук

1 јајце

црн пипер

1 лажичка сода бикарбона (рамна)

Постапка:​

  1. Кромидот ситно исечкајте или изрендајте го на крупно како јаболка и измешајте го со сите состојки. Добро измесете.

2. Поделете на 8 делови и направете топчиња, па оставете ги 2-3 часа во фрижидер.

3. Топчињата исплескајте ги помеѓу два листа проѕирна фолија или кеса за замрзнување.

4. Печете ги на тефлонска тава на многу малку масло.

5. Може да се исечка ситно уште една главица кромид па кога на чинијата ќе се послужи една плескавица, врз неа да се пороси и кромид, па преку неа да се стави уште една плескавица и така по ред. На овој начин кромидот ќе омекне а плескавиците ќе го примат неговиот мирис.

Претходна статијаЗдрава супа од спанаќ, коприва и јајца од препелица
Следна статијаНајнов здрав начин за одгледување краставици кој дава одлични резултати