Рецепт на Бојана. Драги мои пријатели, оваа торта е за сите возрасти, а уште е наречена и „Љубовна торта“. Вкусот ќе ве освои и сигурно ќе посакате уште едно парче. Се приготвува во неколку потези, за помалку од 10 минути, поточно за 5. Но, ајде нека биде за 10. Задоволство ми е ако усреќам некого со оваа лековита торта, барем еден човек.




Тоа значи дека сум била од корист и дека барем некому сум помогнала. Тортата е калорична и колку и да ви е слатка и вкусна, не треба да претерувате, но барем можете да ја јадете без чувство на вина, бидејќи тоа не се празни калории како кој другите торти преполни со бел шеќер.




Тортата се приготвува само со исклучително здрави намирници, а една од нив е рогачот. За сите што не знаат што е тоа: рогач се нарекува плодот на едно дрво кое е слично на багремот, но неговите плодови во вид на долгнавести кафеави мешунки порано се береле и се јаделе поради нивниот сладок и уникатен вкус, но и поради лековитите својства.




Рогачот во исхраната се употребува повеќе од 4 милениуми а неговите лековити својства ги користеле скоро сите антички цивилизации. Се смета дека рогачот бил дел од основната исхрана на Јован Крстител, па оттаму потекнува и германскиот назив за рогач- Johannisbrot, што во превод значи Јованов леб.

Во античко време, семките од рогач служеле како единица мерка за злато, затоа што, без разлика на условите на чување, семката секогаш тежи 0,18 грама. Рогачот е лек за дебело црево, дијабетес, висок холестерол, покачен шеќер, вишок килограми




ЛЕКОВИТИ СВОЈСТВА НА РОГАЧОТ: спречува дигестивни проблеми, го намалува лошиот холестерол, го намалува шеќерот во kpвта, поттикнува искашлување и помага кај астма, го јакне имунитетот, делува против алергии, го штити здравјето на срцето и kpвните садови и ги јакне кocките.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г урми, 100 г рогач, 2 лажици кокосово брашно, 1 лажица кокосово масло. ЗА ФИЛ: 230 г бадеми, 4 лажици агаве сируп (може мед, јаворов или кокосов сируп), 1 стапче ванила или 2 лажички екстракт, 1 лажица кокосово масло, 150-180 мл вода, 1 лажица кокосово масло за премачкување на калап за торти 20 см




ПОСТАПКА: Калапот премачкјате го со кокосово масло, доволна е една лажица, а потоа наросете кокосово брашно. Урмите (измиени и исчистени од семки) исечкајте ги и ставете ги во посилен блендер или „сечко“. Најдобро е да користите свежи урми, а доколку користите суви, претходно потопете ги во млака вода да отстојат 15 минути.




Во блендерот додајте го рогачот па сомелете ја смесата. Во смесата додајте две лажици кокосово брашно и една лажица кокосово масло. Уште еднаш измиксајте ја смесата колку да се поврзат состојките. Оваа смеса е основата на тортата, не содржи шеќер а доволно е слатка поради урмите и рогачот. Смесата распоредете ја дното од калапот, израмнете. Истапкајте ја со дното на една чаша.




Потоа, во истиот „сечко“ или блендер (нема потреба да го миете) ставете ги бадемите, сомелете го, па додајте 4 лажици агаве сируп (за вегани) или мед (за вегетаријанци), додајте ванила и половина од водата (околу 100 мл). Измиксајте, па постепено додавајте го остатокот од водата и оценете ја потребната густина. На крај додајте и една лажица кокосово масло.




Добиената смеса истресете ја врз кората, распоредете ја рамномерно и израмнете. Вака приготвената торта оставете ја ладење во фрижидер околу 3 часа. За декорација изматете слатка павлака додека да добиете шлаг, па нанесете врз тортата како трет слој.




веганска слатка павлака

Одозгора декорацијата завршете ја со овошје, бадеми и лушпи од бадеми или по ваш вкус. Тортата е најдобро да отстои преку цела ноќ, или барем најмалку 3 часа во обичен фрижидер. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.