БОЖИЌНИ КОЛАЧИЊА: 3 состојки и 10 минути, лапни-голтни со совршен вкус. Овие вкусни колачиња сега ми се омилен рецепт. Ги правам многу често и на домашните никогаш не им е доста од нив, постојано ми бараат уште и уште.



Потребни состојки: 400 г бисквити, 2-3 банани, 200 г чоколадо за готвење. Во овие колачиња не се користи јајца, брашно и масло при подготовка, а доколку постите може да ги направите и во посна варијанта.



Постапка: Бисквитите сомелете ги во блендер на двапати ако не ви ги собере сите одеднаш или користете плазма. Бананите излупете ги и изгмечете ги со виљушка во пире. Додајте ги во мелената плазма и убаво промешајте.


Замесете тесто со раце кое треба да биде тврдо и да не се распаѓа. Тестото веднаш се формира штом ги соедините состојките. Потоа вадете иста количина од смесата и помеѓу рацете формирајте топче.


Тестото може малку ќе ве потсетува на пластелин бидејќи има таква конзистентност. Потоа растопете го чоколадото и во него спуштајте едно по едно топче, па редете ги на хартија за печење да се стегнат.


Ако ви преостанало чоколадо, ставете го во кујнски шприц и кога колачињата ќе се стегнат декорирајте ги со линии одозгора. Се ставаат во фрижидер да отстојат 10 минути и веднаш се подлужуваат. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Колачињата може да ги направите и на следниов начин. Здрави, брзи, посни, едноставни и евтини колачи кои се приготвуваат за многу кратко време. Може да се послужат за секаква пригода. Потребни ви се само 3 состојки, а тоа се банани, чоколадо и ореви.

ПОСТАПКА: Бананата исечкајте ја на тркалца со 1 см широчина. Секое тркалце со виљушка потопете го во растопено чоколадо, па извалкајте го во ситно дробени ореви (ставете ги во најлон кеса, па со тврд предмет истолчете ги).

Добиените колачиња оставете ги неколку часа во фрижидер да се стегнат. За една банана ви се потребни околу половина чоколадо за готвење и една шака ореви.

Состојките се слични само што наместо плазма во овој рецепт се користат ореви. Најубаво е да си ги направите мешано, некои со плазма, а некои со ореви за да имате разновидност од вкусови на трпезата.