Вкусна принцес (еклер) торта, се топи во уста, многу лесна за подготвување и евтина

Едноставна кремаста принцес торта, а некои ја нарекуваат еклер или карпати торта поради височинките на тестото.

Секој што јадел еклери или принцес крофни му се познати вкусот и изгледот на овој колач претворен во торта.

Потребни состојки:

150 г брашно ( 1 ½ чаша)
100 мл вода ( ½ чаша)
100 мл млеко ( ½ чаша)
80 г путер ( 1/3 чаша)
4 јајца
1 лажичка прашок за печиво
½ лажичка сол

за крем:

Loading...

500 мл млеко
150 г шеќер (1 ½ чаша)
100 г брашно (1 чаша)
2 јајца
180 г путер (3/4 чаша)

Постапка:

Во тенџере на тивок оган ставете 80 г путер да се растопи, па додадете 100 мл млеко и 100 мл вода. Додадете половина лажичка сол. Во 150 г брашно додадете една лажичка прашок за печиво и промешајте.

Кога ќе почне да врие, во тенџерето постепено давајте го брашното и постојано мешајте додека да ја впие целата течност и да се формира тесто кое се одвојува од ѕидовите на садот.

Свареното тесто оставете го на страна целосно да излади. За тоа време вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени. Едно по едно додавајте ги јајцата и мешајте ги во тестото додека да се соединат со него.

Калап за торти со обрач 25 см обложете со хартија, па истурете половина од тестото и рамномерно распоредете го. Ставете да се пече на 200 степени, на средно нискиот дел од рерната, околу 20 минути. Не ја отворајте рерната за време на печењето. Печеното тесто оставете малку да излади, па отстранете го обрачот и отстранете ја хартијата. На ист начин испечете ја и втората кора.

За крем: Две јајца изматете со виљушка и додадете 150 г шеќер, а потоа постепено додадете и 100 г брашно. Промешајте добро, да нема грутчиња. Во смесата додадете 500 мл млеко, па ставете на оган и сварете го кремот со постојано мешање додека да згусне.

Оставете целосно да излади, а потоа соединете го со пенасто изматен путер. Добиениот крем излејте го врз првата кора, поклопете со втората кора и оставете во фрижидер да излади околу 2 часа. Одозгора наросете шеќер во прав. Деталите можете да ги погледнете во видеото:

Loading...