Пилешка салата со сусам! Пробајте го овој рецепт и никогаш повеќе нема да направите друга салата! Неверојатно вкусна пилешка салата со сусам и кисела павлака ќе ја комплетира вашата трпеза, без разлика дали се работи за празничен или секојдневен оброк.

Салатата има кремаста текстура и интензивен вкус, а можете да ја јадете како намаз на леб. Рецептот е многу едноставен, па за помалку од половина час ќе имате готова салата на трпезата.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г кисела павлака, 100 г мајонез, 300 г пилешко бело месо, 200 г шунка, 2 кисели краставички, 5 лажици сусам, 1/3 лажичка сол

ПОСТАПКА: пропржете го сусамот во сува тава на умерена температура, колку да замириса со непрекинато мешање 15-тина минути или додека да добие златна боја. Тргнете го настрана да се олади.

Белото месо сварете го. Кога ќе се олади ситно исечкјате го, заедно со шунката и киселите краставички. Пред да ги ставите киселите краставички малку исцедете ги од течноста. Сите состојки сипете ги во подлабок сад.

Додајте кисела павлака (12% мм), мајонез и малку сол (третина лажичка) и печен, оладен сусам. Добро промешајте за да се соединат сите состојките. Салатата е спремна за дегустација, но можете и претходно да ја оладите во фрижидер, ќе биде уште повкусна. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.