Кога сакате да се освежите и засладите со нешто навистина вкусно и кремасто, тогаш испробајте овој одличен рецепт на Кате за кој ќе одвоите само 5 минути.

Од само неколку состојки ќе добиете десерт како од најскапите слаткарници. Од оваа количина ќе добиете четири полни десертни чаши. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г крем сирење, 6 г стевија или 60 г шеќер во прав (или засладувач по ваш извор), 8 г ванилин шеќер, 200 г слатка павлака, 40 г шлаг крем во прав. ЗА ОВОШЕН ПРЕЛИВ: 2 супени лажици скроб/нишесте, 4 лажици вода, 200 г мешано бобесто овошје, 150 мл вода

ПОСТАПКА: Изматете го крем сирењето со шеќерот или засладувачот по ваш избор, колку да стане кремасто. Настрана изматете ја ладната слатка павлака и кога ќе згусне додајте го шлаг кремот во прав.

Изматете уште кратко за да се соедини. Потоа додајте го изматеното крем сирење и соединете ги двете смеси со помош на лажица или шпатула. Кремот е спремен и можете да го сипете во десертни чаши со помош на готварски шприц.

Не ги преполнувајте чашите до врв, оставете простор за овошниот слој. За овошен прелив: разматете две лажици во 4 лажици вода додека да се изедначи без грутчиња. Во тенџере сипете 200 г шумско овошје и 150 мл вода.

Оставете да зоврие па додајте го разматениот скроб и непрекинато мешајте додека да згусне. Тргнете настрана и оставете да се олади 10-тина минути. Дополнете ги чашите и израмнете. Можете веднаш да дегустирате, а уште подобро ако ги изладите чашите. Видеопрезентацијата на Кате можете да ја погледнете ОВДЕ или подолу: