Вкусна и економична домашна пита…Вака залиена и испечена се двои на листови, однадвор крцка, а однатре мека, сочна и многу вкусна…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За тесто:
850 г брашно,
450-500 мл млака вода,
125 мл масло,
1 рамна лажичка оцет,
1 супена лажица сол.
За фил:
350 г ситно сирење помешано со
2 јајца.
И уште:
путер за премачкување на корите и
100 мл млеко за прелевање на питата пред печење.
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад ставете нешто помалку од половина литар млака вода, додајте супена лажица алкоxолен (или каков имате) оцет, една супена лажица сол и со дрвена лажица промешајте. Потоа додајте и 125 мл масло и на крај постепено започнете да го додавате брашното.
2.Кога ќе стане компактно домесете го на набрашнета работна површина додека да стане еластично.
3.Оставете го покриено да одмори 10-15-тина минути, па потоа поделете го на 12 топчиња. Повторно покријте ги и оставете ги да одморат 10-тина минути. Потоа секое развлечете го во тенка кора со големина на чинија.
4.Развиените кори наредете ги една врз друга во два купа, по шест кори, помеѓу посипани со брашно или скроб. Земете го едниот куп тесто и со помош на оклагија развлечете една голема кора.
Ќе забележите дека иако шесте кори беа една врз друга, сепак се одлепуваат. Па така, земете ја горната кора и уште малку развлечете ја со раце и тргнете ја настрана.
5.Земете ја втората кора, па истото повторете го и со неа. Ова е најлесниот начин за развлекување на тенки кори.
Ако работниот простор ви е помал, како мојот, редете ги корите на надоврзување, една преку друга, а доколку имате поголем простор, тогаш редете ги посебно.
6.Тепсијата со средна големина обложете ја со хартија за печење, па ставете една кора, така што краевите да и излегуваат малку надвор. Премачкјате ја со растопен путер и нанесете малку фил, не премногу.
7.Одозгора ставете ја втората кора, малку гужвана или како ќе ви дојде. Премачкјате ја со малку растопен путер и нанесете рамномерно малку од филот.
Па повторно одозгора ставете ја третата кора и повторете ја постапката: малку растопен путер и малку фил.
8.Припикнете ги краевите кон внатре и убаво спакувајте ја питата. Четвртата кора нанесете ја широко исто како што ја поставивте и првата, преку краевите на садот, да виси од надворешната страна.
Постапката повторете ја како и претходно додека да го потрошите материјалот.
9.Кога ќе дојдете при крајот од редењето на корите, вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени. Ставете ја последната кора, одозгора премачкајте ја со преостанатиот путер и со остар нож исечете ја на коцки со големина по ваша желба.
10.Вака исечената пита рамномерно прелијте ја со 100 мл млеко. Вака прелеаната пита ставете ја во добро загреана рерна на 200 степени и печете ја приближно 30-35 минути додека убаво да зарумени. Питата прекрасно мириса кога ќе се испече.
Можете веднаш да ја послужите откако малку ќе подизлади, а вкусна е и мека како памук и кога ќе се олади. Постапката погледнете ја ОВДЕ.