Фото и рецепт: Аница Обрадовиќ Живковиќ

Потребни состојки:

5 кг исчистени цреши
1,5 кг шеќер
5 лимони

Постапка:

Лимоните измијте го со ладна вода и оставете го раствор со сода бикарбона, да отстои најмалку половина час. Потоа измијте го уште еднаш со ладна вода.

Црешите убаво измијте ги, па исчистете ги од петелките и семките. Ставете ги во големо и широко тенџере, одозгора наросете 1,5 кг шеќер, па прелијте го сокот од 3 иседени лимони.

Убаво со раце измешајте ги и изгмечете ги црешите. Покријте со чиста крпа и оставете вака да преноќи. Може да отстои и еден час и веднаш да се вари.

Ставете на умерен оган да се вари џемот, а некаде на половина варење со рачен миксер измиксајте ги црешите. Додадете 2 лимони исечени на тркалца, заедно со кората.

Продолжете да варете со постојано мешање до саканата густина. Внимавајте да не го преварите, зошто откако ќе излади дополнително ќе згусне.

Кога е варен џемот извадете го лимонот, па веднаш полнете чисти и загреани тегли. Затворајте ги добро и превртувајте ги наопаку за да се вакумираат. Покријте ги со ќебе и оставете да изладат.

Фото и рецепт: Аница Обрадовиќ Живковиќ