ВИТКАНА ПИТА СО СИРЕЊЕ…Иста како бурек, растресита под раце, многу вкусна! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл и мала чајна чаша од 120 мл):
1 чаша млака вода
1 чаша млако млеко
1 чајна чаша масло (100 мл)
1 лажичка шеќер
1 лажичка сув квасец
5,5 чаши брашно
1 лажичка сол
За фил (по избор):
урда/ситно сирење
магдонос
За маснотија помешјте:
200 г растопен путер
1/2 чајна чаша масло 50-60 мл
И уште:
1 жолчка од јајце
1 лажичка масло
1 лажичка сусам
1 лажичка црн ким
ПОСТАПКА:
Помешајте ги водата и млекото, па растворете ги квасецот и шеќерот. Додајте масло и започнете постепено да го додавате брашното помешано со сол. Замесете меко, нелепливо тесто и поделете го на 8 топчиња. Оставете ги да одморат 10 минути.
На набрашнета површина секое од топчињата отворете го во тенка кора. Секоја кора премачкјате ја со маснотија и наборано соберете ја од двете страни како хармоника. Во средината ставете фил, па преклопете ги краевите за да се затвори.
Потоа нежно започнете да ја сyчите како како цедите пешкир, слично на влашката пита (погледни видео во 6.минута). Првата ролничка свиткајте ја како полжав и поставете ја во средината од тепсијата обложена со хартија.
Следните ролнички надоврзувајте ги додека да се исполни целата тепсија. Оставете ја 10-тина минути додека се загрева рерната.
Питата одозгора премачкјате ја со жолчка и посипете ја со семе, па печете ја во добро загреана рерна на 180 степени, додека да зарумени. Постапката погледнете ја ОВДЕ: