Веќе со децении овој сок им се препорачува на луѓе кои се борат со карцином, бидејќи ја враќа енергијата, го подига имунитетот и ја подобрува крвната слика.

Се прави многу едноставно, а единствена мана му е што за некои можеби не е премногу вкусен, но сепак, тоа е работа на личен вкус. Резултатите се толку добри што вреди да го пијат дури и оние на кои не им се допаѓа вкусот.

Станува збор за сок од цвекло и морков. Имено, веќе со децении овој сок им се препорачува на луѓе кои одат на хемотерапија, бидејќи совршено се бори против сите последици од овој вид на лекување. Вреди секоја испиена голтка, бидејќи ве враќа во живот!

Затоа велат дека буквално – подига од мртви – и не е наменет само за оние кои имаат здравствени проблеми. Доколку се чувствувате преморено, немате енергија и депресивни сте, можеби токму овој сок е она што ви е потребно. Се приготвува многу едноставно.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг цвекло, 1 лимон, ½ кг морков, 3 портокали, 3 јаболка, 1 кг мед

ПОСТАПКА: сите состојки едноставно исчистете ги и ставете ги во соковник. Ќе добиете сок со црвена боја кој треба да го складирате во стаклени шишиња. Се чува во фрижидер.

Употреба: се пие наутро на празен стомак, по половина чаша, голтка по голтка. Ако го пиете овој сок секојдневно, веќе за десет дена ќе ја почувствувате неверојатната промена.

Коментар на Wing Chun: Пригответе сок од Димитар Цонев на следниот начин: исцедете 200 г цвекло, 200 г морков, 2 киви, 2 јаболка, 2 лимони и 2 портокали. Се пие за лекување и имунитет.

Во својата книга, Цонев препорачува да се пие 21 ден следниот сок: 200 г ѓумбир, сок од еден лимон и 2 лажици мед. Состојките се мешаат во блендер, а потоа се чува во врижидер. Се јаде по една лажица наутро.

Против настинка Цонев го препорачува следниот природен антибиотик: 3 главици црвен кромид, 3 лимони, 2 лажици мед и една полна рака сечкан кељ. Сите состојки се ставаат во блендер, а потоа се процедува. Сокот се пие трипати дневно по една лажица.

Цеден сок за имунитет од цвекло, морков, лимон, јаболка и мед – и вкусно и многу здраво

Честопати за нашето здравје започнуваме да се грижиме дури кога тоа ќе се наруши или кога ќе го изгубиме, а тогаш најчесто е доцна. Затоа, од особена важност е секогаш да го одржуваме нашиот имунитет на високо ниво, да биде доволно силен и моќен за да може да се одбрани од нападите на вирусите и бактериите.

Одржувањето на имунитетот треба да биде наша секојдневна обврска, особено во периоди на вирози, грипови и епидемии. Телото треба да биде добро хидрирано, а во организмот да внесуваме избалансирана исхрана која ќе му ги обезбеди сите потребни витамини и минерали за нормално функционирање на сите системи.

Денес многумина во своите домови имаат блендери и соковници, па внесувањето на свежи коктели, сокови и смутиња е многу олеснато за разлика од порано. Едноставно одберете комбинација од вашите омилени плодови и исцедете сок или направете смути.

Засладете го со мед, додадете разни семки и неколку капки ладно цедено масло, куркума, ѓумбир…Па дури и да немате една ваква алатка како што се блендерот и соковникот, лесно можете да си приготвите еден витамински сок кој ќе ви го зајакне имунитетот.

Потребни состојки: 1 кг цвекло, 1 кг морков, 1 кг лимон, 1 кг јаболка, 2 литри вода и 500 г мед или повеќе, по вкус

Постапка: цвеклото, морковот и јаболкото измијте ги добро, исчистете ги и изрендајте ги. Добро изгмечете ги со рацете и прелијте ги со вода. Поклопете и садот оставете го 24 часа. Следниот ден процедете ја смесата низ газа и добро истискајте. Додадете цеден сок од лимон и мед, па добро промешајте за да се растопи.

Вака приготвениот сок складирајте го во шишиња и чувајте го на ладно. Секое утро се пие по 100 мл на гладно. Многу е здраво. По желба кој сака во сокот може да додаде и свеж ѓумбир. Остатокот не го фрлајте, може од него да сварите џем или пак салата: додадете јаболкова киселина, маслиново масло и сол, па складирајте го во тегла.

Истите состојки и истата постапка, само ако додадете и 1 кг рендан корен од целер, добивате одличен напиток кој може да ви помогне да го намалите холестеролот доколку ви е покачен.