Фото и рецепт: Владимир Ступар

-Мерки немам, јас сето тоа одокативно го приготвувам, со приближно 5 килограми суво овошје, семки и јаткасти плодови и 3 килограми ливадски мед, вели Владимир.

Потребни состојки:

Суво овошје – кајсии, смокви, сливи без семки, брусница, аронија и суво грозје.
Јаткасти плодови – бразилски, индиски, обичен орев, фстаци, кикирики, лешник и бадем.
Семки – сончоглед и тиква.
Мед – ливадски.

Постапка:

Се сечкаат сите состојки, а семките и јаткастите плодови може да ги сомелите ако сакате, но вака е повкусно и се јакнат забите и вилицата со џвакање.

Убаво се мешаат сите состојки за да се изедначат, па се распоредуваат во теглите. Потоа се започнува со налевање на медот што трае цел ден, бидејќи потребно е време за полека да сллегне.

Ова е десерт, храна, лек, за послужување на гости…Чиста есенција од витамини и минерали за јакнење на имунолошкиот систем!

Совет: кикириките треба да се несолени, а може сосем малку само да се запечат, па оладат, а истото може да го направите и со семките од тиква доколку сакате.

Не треба да се притиска одозгора со ништо, бидејќи теглите се пополнуваат до врв, па ситните плодови ги пополнуваат празнините. Сите плодови може да се исечкаат, но јас не ги мелам поради визуелен изглед, а и за јакнење на забите и вилицата.

Фото и рецепт: Владимир Ступар