Дали знаете што ја предизвикува подуеноста?

Експертите тврдат дека подуеноста е заеднички проблем за многумина: не само што е непријатно за око (го прави вашиот стомак поголем отколку што е), туку, исто така, предизвикува неугодност и тегоби.

За среќа, најновите истражувања откриваат како оваа состојба може да се реши и тоа за само неколку минути – со еден многу корисен витамин.

Станува збор за Б-комплекс кој е исклучително корисен за човековото тело, а кој лесно се добива од храна во својата природна форма.

Прочитајте подолу во текстот и дознајте како се користи овој витамин за да ја намалите подуеноста на стомакот.

Витамин Б6​

Овој витамин помага во ослободување на телото од вишокот течности кои често се задржуваат поради внесена преголема количина на сол.

Повеќе различни студии откриваат дека речиси 90% од светската популација е дефицитарна со овој витамин, што во најголем дел се должи на современиот начин на живеење и лошите навики во исхраната.​

Медицинските експерти велат дека овој витамин го подобрува имунолошкиот одговор на организмот за одбрана од бактерии и вируси. Исклучително е корисен за срцеви болни и бремени жени.

Најдобар извор на витамин Б6 е: живина, риба, интегрални житарици, спанаќ и мешунки.

Витамин Б1

Кои други витамини помагаат?

Уште познат и како Тиамин, е од исклучително значење за разложувањето на јаглехидратите во организмот. Овој витамин помага храната што ја јадеме да се претвори во енергија.

Исто така, ја подобрува срцевата работа и нервните функции, го забрзува варењето и ги неутрализира гасовите и подуеноста.

Помага во сузбивање на гладта што е од особена помош за оние кои се на диета. Најдобар извор на витамин Б1 е: интегрални житарици, лиснат зеленчук, квасец, мешунки.

Витамин Б12

Недостигот на витамин Б12 често се поврзува со различни типови на воспаленија во стомакот.

Доколку има дефицит на овој витамин може да се наруши размнотежата на корисните бактерии во цревата и да доведе до лошо варење и бавен метаболизам.

Најдобар извор на витамин Б12: морска храна, млеко, сирење, јајца, пилешко, говедско месо, кисел зеленчук.