Потребни состојки:

5 јајца

1,5 чаша шеќер

1 чаша јогурт

1 чаша масло

2 чаши брашно

½ прашок за печиво

400-500 г вишни

Малку шеќер во прав за наросување

Постапка:

Одвојте ги белките од жолчките. Белките изматете ги со миксер во цврст снег, па постепено додавајте шеќер. Матете уште малку. На страна изматете ги жолчките додека да побелат, па потоа миксерот оставете го настрана. Жолчките спојте ги со снегот од белки, додавајте ќи го со лажица и внимателно мешајќи за да остане смесата воздушеста.

Постепено додавајте ги и останатите состојки (јогурт, масло, брашно и прашок за печиво) и полека соединете ги. Кога ќе стане смесата хомогена, излејте ја во намастен и набрашнет плех.

Врз тестото ставете вишни (свежи, од замрзнувач или од компот) кои се малку исцедени од вишокот сок. За вишните да не ви останат на врв или да не ви паднат долу на дното, само малку со врвот на ножот потбутнете ги надолу.

Ставете го колачот во загреана рерна на 200 степени, па намалете на 180. Колачот брзо е готов, а тоа се гледа по тоа што ивиците од тестото започнуваат да се одвојуваат од садот. Потоа изладете го колачот, па обилно наросете го со шеќер во прав и исечете на коцки.