Вистината за студијата која тврди дека од шпагетите нема да се здебелите

За жал, не можете туку така да навалите на шпагетите…

Неодамна научниците им дадоа причина за веселба на сите љубители на тестенините: новата студија која го демантираше тврдењето дека јадењето тестенини ќе ве здебели.

Но, дали тоа значи дека може да се “удавите” во неа? Целата ситуација треба малку подлабоко да се анализира…

Во студијата спроведена врз повеќе од 23 00 Италијанци, истражувачите открија дека луѓето кои јадат повеќе тестенини имаат понизок индекс на телесна маса (БМИ) и поздрав обем на половината за разлика од оние кои ги јадат помалку.

Покрај тоа, треба да знаете некои важни работи пред секоја вечер да навалите врз полната чинија со тестенини. Прво, не е паметно да се изеде полна порција тестенини.

Не е тајна дека Европјаните – вклучително и Италијанците – јадат помали порции храна од Американците.

Просечната порција во студијата содржела 85 грама тестенини. Но, на Американците им е нормално да изедеат многу повеќе од тоа, без разлика дали јадат дома или во ресторан.

Поентата е дека тестенините сами по себе не предизвикуваат дебелење, се додека се придржувате до нормални порции.

Американците не се придржуваат до овие упатства.

Ако имате обичај во еден оброк да изедете половина кутија шпагети, тогаш ќе имате проблем.

Еве како изгледа една разумна порција: половина шолја е околу количина која може да ја собере во една рака. Изедете толку.

Важна е и останатата храна која ја јадете.

Во студијата, витките консументи на тестенини не јаделе макарони со сирење-кашкавал или тестенини во масен сос од павлака.

Се придржувале до медитеранска исхрана – која вклучува многу овошје и зеленчук, интегрални житарици, јаткасти плодови и семе, риба, како и мали количини месо и млечни производи.

Со други зборови, дури и ако јаделе тестенини од рафинирано, бело брашно, останатите оброци – и општо навиките во исхраната – се состоеле од нутритивно богата храна, никако брза, лоша храна.

Лекција?

Јадете шпагети со многу зеленчук и немасни протеини, со многу малку путер или сирење – а не обратно.

Така ќе внесете помалку калории, повеќе диетални влакна и протеини кои заедно со вашите шпагети ќе ве заситат.

Сега кога го знаете правилниот начин на приготвување, слободно изедете шпагети.

Loading...