Исповедта на Милена,која го победила ракот на дебелото црево, покажува дека сепак, на крајот од тунелот секогаш има надеж и светлина. Лекарите најчесто ги класифицираат ракот на дебелото црево и ректумот во иста категорија, бидејќи тие имаат многу заеднички карактеристики.

Во повеќето случаи, ракот на дебелото црево потекнува од бенигни израстоци, или полипи на слузокожата на дебелото црево. Со текот на времето, некои полипи може да се променат и да се трансформираат во канцерогени ткива.

Лекарите предупредуваат и на важноста од идентификување на факторите на ризик. Важно е да се нагласи дека симптомите многу тешко се забележуваат, поради што овој тип на болест се открива многу доцна. Затоа, лекарите препорачуваат редовни прегледи, особено после 50-тата година од животот.

Една од оние кои го победиле ракот на дебелото црево е Милена, мајка на две деца и горда баба. Милена за Aska.rs пред четири години ја опиша својата борба со оваа злокобна болест.

-Кога отидов на колоноскопија, додека лежев на креветот, самиот доктор беше толку нервозен што и на мене ми ја пренесе таа нервоза. Едвај чекав да ми каже да се свртам некако за да го видам тоа што го гледа на мониторот, а потоа медицинската сестра ми рече „Милена, сврти се на грб“.

Се свртев на грб, погледнав во мониторот и видов црна дамка како пулсира и од неа излегуваат црни пипала. Сè ми беше јасно. Му реков „Докторе, се ми е јасно, знам сè, не треба да се трудите, не мора ништо да ми кажувате – подготвена сум само што побрзо да се отстрани“, објасни Милена и додаде:

– Тој рече дека најраниот можен датум е четврток. И навистина беше четврток, се разбудив во шок собата. Наоколу имаше многу тешко болни, плачеа, офкаа, јас молчев. Многу ми беше тешко кога дојде внуката, која не живее овде.

Утрото дојде мојот доктор, го прашав „Докторе, само сакам да знам, дали тоа целосно го отстранивте од мене?“. Ме праша „Милена, како ти се чувствуваш? Таму долу велат дека си била исклучителен пациент. Реков „Докторе, добро сум, ништо не ме боли“.

– Помислив, добро, сега имам нов живот, поинаков живот. Боже, колку убав подарок ми даде животот. Треба да се ужива во него, да се радуваме, заклучи оваа храбра жена.

Фактори на ризик за рак на дебелото црево:

Возраст: луѓето над 50 години имаат поголема веројатност да се разболат, иако болеста може да се појави на која било возраст; Генетски синдроми: фамилијарна адематозна полипоза (FAP) и наследен неполипозен карцином на дебелото црево (Линч синдром);

Рак на дебелото црево претходно третиран; Рак на дебелото црево во семејството – рак на дебелото црево кај родителите, браќата и сестрите или децата ги зголемува шансите за добивање на болеста;

Воспалителни болести на цревата: улцеративен колитис или Кронова болест; Исхрана: премногу црвено месо и животински масти а малку житарици, овошје и зеленчук. Кратката емисија со Милена можете да ја погледнете ОВДЕ.